Епидемија (филм од 1995)

„Епидемија“ (англиски: Outbreak) е американски филм од 1995 година, во режија на Волфганг Петерсен. Главните улоги ги толкуваат: Дастин Хофман, Кевин Спејси, Рене Русо, Морган Фримен, Куба Гудинг и Доналд Сатерленд.

Содржина

уреди

Во јули 1967 година, во долината на реката Мотаба во Заир, се појавува стопроцентно смртоносен вирус, наречен вирусот „Мотаба“. Вирусот е толку опасен што заболените умираат во рок од три дена поради обилно крварење на внатрешните органи. Корумпираниот генерал Доналд Мек Клинток (го игра Сатерленд) наредува над долината да се фрлат запаливи бомби со цел да се спречи натамошното ширење на зарзата, иако генералот Бил Форд (го игра Фримен) се противи на тој план.
Во 1994 година, повторно се појавува истиот вирус во долината на реката Мотаба. Во институтот на американската војска за истражување на смртоносни инфекции, полковникот Сем Дениелс (го игра Хофман) го истражува вирусот „Мотаба“, а слични истражувања прави и неговата поранешна жена (ја игра Русо), која работи во истражувачки центар во Атланта. проблемите настануваат кога едне мајмун, којшто го носи вирусот, побегнува од лабораторијата...[1]

Наводи

уреди
  1. „Во борба со смртоносниот вирус“, Антена, број 877, 17.4.2015, стр. 3.