Гордост и предрасуда (филм)

филм

„Гордост и предрасуда“ (англиски: Pride and Prejudice) е британски филм од 2005 година, во режија на Џо Рајт (Joe Wright). Авторка на сценариото е Дебора Могах (Deborah Moggach), засновано врз истоимениот роман на Џејн Остин, а главните улоги ги толкуваат: Кира Најтли (Keira Knightley), Метју Мекфедјен (Matthew Macfadyen), Доналд Сатерленд (Donald Sutherland), Розамунд Пајк (Rosamund Pike), Бренда Блетин (Brenda Blethyn), Сајмон Вудс (Simon Woods), Руперт Френд (Rupert Friend), Том Холандер (Tom Hollander) и Џуди Денч (Judi Dench). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории (сценографија, костимографија, музика и главна женска улога), бил прогласен за најдобар британски филм (Empire Award), а Рајт ја освоил наградата на BSFC за најдобар млад режисер. Исто така, со изведбата на улогата на Елизабет Бенет се прославила дваесетгодишната Кира Најтли.[1]

Биста на Метју Мекфадиен како Фицвилијам Дарси од филмската адаптација на Гордост и предрасуди од 2005 година.
Изложба „Гордост и предрасуди“ во Паркот Басилдон, која се користела како локација на Недерфилд, домот на Џорџ Бингли

Содржина

уреди
 
Грумбриџ Плејс послужил како место за снимање на семејната куќа Бенет

Дејството на филмот се одвива во Англија. Госпоѓата Бенет (ја игра Блетин) ги одгледува своите ќерки: Џејн, Елизабет (ја игра Најтли), Мери, Кити и Лидија, со намера да ги омажи за богат маж, кој со своето богатство би го издржувал целото семејство. Тие не се од висока класа, а нивната куќа во Хартфордиш ќе биде наследена од далечен роднина, ако умре господинот Бенет (го игра Сатерленд). Кога богатиот господин Бингли (го игра Вудс) и неговиот најдобар пријател, господинот Дарси (го игра Мекфедјен) пристигнуваат во градот за да го поминат летото на еден имот што се наоѓа во близина, сите девојки од околината ги зафаќа голема возбуда. Тогаш, Џејн се вљубува во Бингли, а и тој ја забележува неа, зашто таа е најубавата меѓу сестрите Бенет. Дарси, пак, се вљубува во дрската Елизабет, која исто така го сака него, иако не сака да го признае тоа...[2] [3]

Наводи

уреди
  1. Ponos i predrasude, britansko-francuski film (2005.) (пристапено на 10.6.2023)
  2. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 21.
  3. „Гордост и предрасуда“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 16.

Надворешни врски

уреди