Дванаесетмината жигосани (филм од 1967)

Дванаесетмината жигосани (англиски: The Dirty Dozen) - американско-британски филм од 1967 година, во режија на Роберт Олдрич, по сценариото на Нанали Џонсон и Лукас Хелер. Во главните улоги настапуваат: Ли Марвин, Ернест Боргнин, Чарлс Бронсон, Џим Браун, Џон Касаветес, Доналд Сатерленд, Тели Савалас, Џорџ Кенеди, Трини Лопес, Ралф Микер и Роберт Рајан. Филмот постигнал голем комерцијален успех и бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории, а успеал да победи само во една.[1]

Олдбери – сцена на воената игра
Браденхам Манор &нбсп;– Штаб Варгамес

Содржина уреди

Дејството на филмот се одвива за време на Втората светска војна. Наредникот Рајсман (го игра Марвин) добива задача да собере и обучи борбена единица, составена од општествени отпадници кои се наоѓаат в затвор. Сите тие извршиле тешки злосторства и се осудени на смртна казна или на доживотна робија. Единицата треба да изведе тешка тајна мисија - да уништи еден дворец во окупираната Франција каде е сместен германскиот штаб. Рајсман ја почнува обуката на неприлагодените луѓе од кои некои се и психички нестабилни личности и успева да ја формира борбената група наречена „Дванаесетмината жигосани“. Така, групата заминува на опасната задача во која повеќето од нив нема да преживеат.[2]

Наводи уреди

  1. „HRT (пристапено на 3.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-18. Посетено на 2017-11-26.
  2. „HRT (пристапено на 3.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-18. Посетено на 2017-11-26.