Договор на Насух-паша
Договорот на Насух-паша (персиски: عهدنامه نصوح پاشا, турски: Nasuh Paşa Antlaşması) — мировен договор потпишан на 20 ноември 1612 година помеѓу Османлиското Царство и Сефевидското Царство, преку кој завршила првата фаза од Отоманско-персиската војна (1603–1618).
Потпишан | 20 ноември 1612 |
---|---|
Потписници | Османлиско Царство Персија |
Заднина
уредиПретходно, шахот Абас Велики морал да го потпише договорот од Цариград од 1590 година кога загубил територии во северозападниот дел на Иран и Кавказ. По решавање на сопствените локални проблеми тој чекал погоден момент кога да си ги врати изгубените територии, а како шанса му се укажала кога на османлискиот престол бил поставен 14-годишниот Ахмед I. Османлиите претходно војувале во долгата и исцрпувачка војна со Светото Римско Царство и имала серија од востанија во Анадолија.
Договор
уредиОсманлите и покрај тоа што во почетокот на војната имале успех, тие ги изгубиле своите команданти во Дијарбакир. Така Насух-паша морал да се согласи да потпише договор за прекин на војната[1].
Според договорот:
- Османлиското Царство се согласило да ги врати сите територии кои ги добиле со договорот од Цариград во 1590
- граничната линија станала линијата според договорот од Амасија од 1555 година
- за возврат Персија се согласила да плаќа годишен данок 59.000 килограми свила[2].
Наводи
уреди- ↑ Prof.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim:Türkiye tarihi vol.III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, 43-44
- ↑ Shah Abbas however, committed himself to sent 59000 kilograms raw silk annually to the Ottoman King ... lifesciencesite.com