Димитрије Бужаровски

(Пренасочено од Димитрие Бужаровски)

Димитрије Бужаровски (р. 8 август 1952 г. во Скопје) — истакнат македонски композитор, музиколог и професор.

Димитрије Бужаровски
Димитрије Бужаровски
Роден(а)8 август 1952(1952-08-08)
Скопје, Македонија
ЖивеалиштеМакедонија
ПолињаКомпозиција, Музикологија, Интерпретација, Дигитално архивирање, Менаџмент, Методологија на научно истражување
УстановиУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ Факултет за музичка уметност - Скопје, Универзитет во Ниш Факултет за уметности
Познат поАрхив Бужаровски - BuzAr
Радомировиот псалтир оп. 47
Вокална симфонија оп.53
Ноктурна за пијано оп.49 и оп.52
Историја на естетиката на музиката
Музикономија
Сонологија
Социологија на музиката
Страница
buzar.mk

Тој е многустрана личност со интереси во различни полиња: композиција, музикологија, компјутерска музика и електронска музика, интерпретација (пијано, синтисајзери, диригирање), образование, менаџмент и научно-истражувачка работа.[1][2]

Неговото композиторско творештво содржи дела од крупен формат: симфонии, ораториуми, опери, балети, сонати, суити, вокални циклуси, камерна музика, музика за соло инструменти.[3] Има напишано музика за над 60 филмови, телевизиски и театерски проекти. Неговите композиции се изведувани и емитувани во САД, Русија, Франција, Велика Британија, Германија, Холандија, Шпанија, Грција, Бугарија, Србија, Полска.

Бужаровски е активен и како пијанист, изведувач на синтисајзери и диригент. Има остварено рецитали со негови дела за пијано и синтисајзери низ Европа (Велика Британија, Русија, Холандија) и САД.[4] Како диригент ги поставува своите дела - оперите Шеќерната приказна и Деспина и мистер Докс, ораториумот Радомировиот псалтир, Нонет концертот, кантатата Т'га за југ итн.

Музиколошката и научно-истражувачката дејност на Димитрије Бужаровски покрива голем број области: филозофија и естетика на музиката, социологија и менаџмент, дигитална обработка и архивирање на звукот. Има издадено и едитирано голем број есеи, публицистички текстови, рецензии и книги, меѓу кои: Историја на естетиката на музиката, Увод во анализата на музичкото дело, Од природни до компјутерски звуци, Основи на дигиталното архивирање на звукот, Музикономија, Сонологија, Социологија на музиката итн.

Димитрије Бужаровски е учесник во бројни меѓународни проекти, бил координатор на ТЕМПУС-ови проекти, проект на швајцарската научна програма SCOPES, проект на Стејт департментот на САД за усовршување на програмите по менаџмент во Република Македонија, координатор на програмата Студии во странство на Државниот универзитет во Аризона.

Во 2000 година го формира Институтот за истражување и архивирање музика - ИРАМ кој претставува најдобрата илустрација за комплексноста на неговата уметничка, научна, образовна и организаторска дејност. Во рамките на ИРАМ постои Студентско Интернет радио, а ИРАМ е и организатор на 18 меѓународни конференции (Современи трендови во музикологијата и етномузикологијата, Рефлексии за македонската музика, Културната политика и музичкото образование, Истражувања во музикологијата и етномузикологијата) на кои се презентирани над 250 научни трудови.

На 15 октомври 2012 година основан е Архивот Бужаровски - BuzAr,[5] граѓанска и непрофитна иницијатива со задача да го чува во дигитален формат македонското, балканското и светското културно наследство. Основната цел на архивот е да го собира и дигитализира културното наследство и потоа да го афирмира преку мрежните медиуми за културни, образовни и научни потреби. Архивот е организиран околу творештвото на композиторот и изведувач Димитрије Бужаровски и прави синтеза со неговата музиколошка и етномузиколошка дејност, како и работата врз дигитализацијата на културното наследство. Првото видео поставено на страницата на архивот е снимката од Ретроспективниот концерт од опус 1 до опус 62 на Димитрије Бужаровски одржан на денот на формирањето на архивот.

Проф. д-р Димитрије Бужаровски е вработен на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде предава(л): хармонија, полифонија, анализа на музичкото дело, естетика на музиката, социологија на музиката, музички менаџмент, сонологија и мултимедија, методологија на научното истражување и електронска музика. Во периодот 1995-1999 бил Декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Од 2006 година проф. д-р Бужаровски предава и на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш (вокална литература, анализа на музичките стилови, аранжирање, композиција, дигитална обработка на звукот, менаџмент во културата и истражувачки методологии). На 18 ноември 2014 година Сенатот на Универзитетот во Ниш го избра проф. д-р Бужаровски за почесен доктор.[6][7] Бил ментор на над 40 постдипломски и докторски трудови. Предавал и на повеќе универзитети во САД: Државниот универзитет во Аризона, Бостонскиот универзитет, Хардвардскиот универзитет, Бостонскиот колоквиум за филозофија на науката.

Димитрије Бужаровски бил биран на повеќе општествени функции во поранешната СФРЈ, Република Македонија и странство: Претседател на Сојузот на композиторите на СФРЈ, Претседател на Универзитетскиот совет на УКИМ, Претседател на Советот на фестивалот Охридско лето, член на правниот комитет на Европската асоцијација на фестивалите итн.

Композиции

уреди

Пијано

уреди
  1. Сонатина за пијано оп. 1 (1973)
  2. Соната за пијано бр. 1 оп. 2 (1973)
  3. Соната за пијано бр. 2 оп. 17 (1983)
  4. Соната за пијано бр. 3 оп. 25 (1987)
  5. 9 Ноктурна за пијано оп. 49 (2000)
  6. 4 Ноктурна за пијано оп. 52 (2004)

Камерна музика за две пијана

уреди
  1. 4 Ноктурна за две пијана оп. 52б (2009)
  2. "All that Dance" варијации за две пијана оп. 39 (1995)

Симфониско творештво

уреди
  1. Fantasia quasi una Sinfonia оп. 4 (1973) (I симфонија)
  2. „Раѓање на слободата” оп. 9 (II симфонија) (1979)
  3. TechnoSymph оп. 42 (1997) (III симфонија)
  4. Вокална симфонија оп. 53а за 3 сопрана, 2 алта, 2 тенора, бас и симфониски оркестар (2005)/Вокална симфонија оп. 53б за 4 солисти, хор и симфониски оркестар (2008) (IV симфонија)
  5. Увертира оп. 54 за симфониски оркестар (2007)

Концерти

уреди
  1. Musurgia ecclectica оп. 29 за симфониски оркестар и синтисајзер (1989)
  2. Концерт за гудачи, харфа и синтисајзер оп. 33 (1990)
  3. Концерт за пијано, 4 солисти и симфониски оркестар оп. 46 (1998)
  4. Concerto Grosso за пијано трио, гудачки оркестар и удиралки оп. 48 (1999)
  5. Baroque concertino за синтерсајзер и гудачки оркестар оп. 27а (1988); Baroque concertino за пијано трио оп. 27b (2001)
  6. Нонет концерт оп. 51 (2003)
  7. Концерт за труба и гудачки оркестар оп. 58 (2010)
  8. Двоен концерт за виолина, пијано и симфониски оркестар оп. 61 (2012)
  9. Glitch Rhapsody за виолина, обоа/англиски рог, пијано и гудачки оркестар оо. 65а (2015)

Опери

уреди
  1. Шеќерната приказна оп. 7 (1976)
  2. Деспина и мистер Докс оп. 35 (1991)

Ораториуми и кантати

уреди
  1. Живееме-паметиме оп. 22 (1974)
  2. Охрид оп. 28 (1988)
  3. Радомировиот псалтир оп. 47 за 2 сопрана, тенор, бас, хор, детски хор и симфониски оркестар (1999)
  4. „Т'га за југ“ оп. 60 за тенор, камерен хор и оркестар (2011)

Балети

уреди
  1. Возови оп. 21 (1984)
  2. Снежана оп. 24 (1986)
  3. The Skeleton and the Beauty оп. 37 (1993)

Вокални циклуси

уреди
  1. Хумористични песни за баритон и пијано оп. 5 (1976)
  2. Елегии за тебе за сопран, баритон и синтисајзери оп. 26 (1984)
  3. Љубовни за баритон и пијано оп. 8а (1979); Љубовни за сопран, кларинет и пијано оп. 8b (1997)
  4. Херојски песни за баритон и гудачки оркестар оп. 16 (1983)
  5. "Trois poemes de Paul Verlaine composes a la maniere d'impressionnistes" за баритон и пијано оп. 30 (1989)
  6. Духовни за детски хор, сопран, баритон и синтисајзери оп. 36 (1992)
  7. Songs of Peace and War за сопран, мецосопран и синтерсајзери оп. 38 (1994)
  8. Песни за Гоце за баритон и пијано оп. 40а (1977); Песни за Гоце за баритон и синтисајзери оп. 40b (1984); Песни за Гоце за обоа, кларинет, народни инструменти, удиралки и синтисајзери оп. 40c (1996)
  9. Eco songs оп. 41 (1996)
  10. Свадбени за детски хор и синтисајзери оп. 45 (1997)

Камерна музика

уреди
  1. Гудачки квартет оп. 3 (1971)
  2. Елегија за камерен оркестар оп. 6 (1975)
  3. Корал, прелудиум и фуга за обоа, кларинет и фагот оп. 11 (1980)
  4. Фолк суита за 4 тромбона оп. 14 (1982)
  5. Дувачки квинтет оп. 15 (1981)
  6. Фолк квинтет за дувачки инструменти оп. 23 (1985)
  7. Суита од музиката за драмите Зојкин стан и Марка за виолина, виола и пијано оп. 31а (1989); за алт саксофон и пијано оп. 31b (1994); за пијано трио оп. 31c (2001)
  8. Секстет за дувачки квинтет и синтисајзер оп. 32 (1990)
  9. Kreuzweg-Reflexionen IX за флејта, виола, гитара и хармоника оп. 50 (2001)
  10. Соната-Фантазија за виолончело и пијано оп. 55 (2009)
  11. Џез соната за алт саксофон, пијано и контрабас оп. 56 (2009)
  12. ”Мане” соната за виолина и пијано оп. 57 (2009)
  13. ”Кабаре” варијации на тема „Македонија може“ оп. 62а за виолина, виолончело и пијано четворорачно (2012); оп. 62б за трио хармоники (2012)
  14. Трио соната оп. 63 (2013)
  15. Sonata Concertata за виолина и пијано оп. 58e (2014)
  16. A Challenge за виолина и пијано оп. 64 (2014)
  17. A Challenge за виолина, англиски рог и пијано оп. 64а (2015)

Соло песни

уреди
  1. Песна за војникот три метри под земја за баритон и пијано оп. 12 (1981)
  2. Скитник за баритон и пијано (1984)
  3. Псалм 151 од ораториумот Радомировиот псалтир за тенор и пијано оп. 47a (1999)/за бас и пијано оп. 47d (2014)
  4. Тропар од ораториумот Радомировиот псалтир за 2 сопрана и пијано оп. 47b (1999)

Дела за соло инструменти

уреди
  1. Варијации на народна тема за соло кларинет оп. 10 (1978)
  2. Мотиви за соло виолочело (1979)
  3. Параходот варијации за соло виолончело оп. 44 (1997)
  4. Етида за соло виолина оп. 59 (2010)

Електронска музика

уреди
  1. Experiment I (постои и верзија за синтисајзер и симфониски оркестар) оп. 11 (1984)
  2. Tema con repetizioni оп. 19 (1984)
  3. Поп-суита оп. 20 (1984)
  4. "Eneads I" (1987) "Eneads II" (1991) "Eneads III" (1991) оп. 34
  5. The Skeleton and the Beauty" оп. 37 (1993)
  6. SynthSon оп. 43 (1997)

Книги

уреди
  1. Историја на естетиката на музиката Факултет за музичка уметност, Скопје (1989); Istorija estetike muzike, Univerzitet u Nišu, Fakultet umetnosti u Nišu (2013); Historia e estetikës së muzikës, Logos-A (2014).
  2. Увод во анализата на музичкото дело Факултет за музичка уметност, Скопје (1996).
  3. Од природни до компјутерски звуци и тонови (избор и уредување од Димитрије Бужаровски), Факултет за музичка уметност, Скопје (2000).
  4. Англиско-македонски глосар на технички термини од областа на обработката на звукот ИРАМ, Скопје (2001).
  5. Основи на дигиталното архивирање на звукот ИРАМ, Скопје (2002).
  6. Reflections on Macedonian Music - Past and Future, I London Conference IRAM, Skopje 2001 (editor).
  7. Contemporary trends in musicology and ethnomusicology, IRAM, Skopje, 2002 (editor).
  8. Reflections on Macedonian Music - Past and Future, II London Conference IRAM, Skopje 2003 (editor).
  9. Contemporary trends in musicology and ethnomusicology, II Struga Conference, IRAM 2003 (editor).
  10. Cultural policy and music education I Skopje Conference, IRAM 2004 (editor).
  11. Reflections on Macedonian Music - Past and Future, III London Conference IRAM, Skopje 2004 (editor).
  12. Contemporary trends in musicology and ethnomusicology, III Struga Conference, IRAM 2004 (editor).
  13. Cultural policy and music education II Skopje Conference, IRAM 2005 (editor).
  14. Reflections on Macedonian Music - Past and Future, IV London Conference IRAM, Skopje 2005 (editor).
  15. Contemporary trends in musicology and ethnomusicology, X IRAM Conference, IRAM 2005 (editor).
  16. Cultural policy and music education" XI IRAM Conference, IRAM 2006 (editor).
  17. Reflections on Macedonian Music - Past and Future, XII IRAM Conference IRAM, Skopje 2006 (editor).
  18. Cultural policy and music education" XIII IRAM Conference, IRAM 2006 (editor).
  19. Cultural policy and music education" XIII IRAM Conference, IRAM 2006 (editor).
  20. Istraživačke metodologije aplicirane u muzikologiji, DOO „Nota”, Knjaževac (2012).
  21. Muzikonomija - Uvod muzički menadžment, ekonomiju i marketing, Fakultet umetnosti u Nišu i Centar za naučnoistraživački rad SANU i Univerziteta u Nišu (2014)
  22. Sonologija, Fakultet umetnosti u Nišu i Centar za naučnoistraživački rad SANU i Univerziteta u Nišu (2015)
  23. Sociologija muzike, Fakultet umetnosti u Nišu (2016)

Избрани трудови

уреди

Наводи

уреди
  1. Buzarovski Archive, Dimitrije Buzarovski
  2. "Bužarovski, Dimitrije." In The New Grove Dictionary of Music and Musicians, 2n ed. New York: Oxford University Press, 2001. Oxford Music Online: Grove Music Online. http://www.oxfordmusiconline.com.
  3. Слејанска, Стела. (2004). „Димитрије Бужаровски.“ Во Историја на културата на Македонија, Музиката на почвата на Македонија, 12, ур. Г. Старделов, Д. Ортаков и Д. Бужаровски, 147–51. Скопје: МАНУ ISBN 9989-101-38-8
  4. Ислам, Аида. (2004). „Пијанистичката уметност во Македонија.“ Во Историја на културата на Македонија, Музиката на почвата на Македонија, 12, ур. Г. Старделов, Д. Ортаков и Д. Бужаровски. Скопје: МАНУ ISBN 9989-101-38-8
  5. Архив Бужаровски - BuzAr.
  6. „Profesor dr Dimitrije Bužarovski počasni doktor Univerziteta u Nišu“. Fakultet umetnosti u Nišu. 2014-11-19. Архивирано од изворникот на 2015-02-05. Посетено на 2014-11-19.
  7. „Novi počasni doktor i profesor emeritus Univerziteta“. Univerzitet u Nišu. 2015-06-10. Посетено на 2015-06-19.

Надворешни врски

уреди