Хармонијата претставува наука за музиката. Таа е составен дел од секој интепретатор и секој што се занимава со неа. Таа е полифона (многугласна). Секое музичко дело е хармонска врска на тонови составени и запишани во дело (задача, каденца) итн. Оваа наука е дел од четири тона кои најизменично се поставени на две петолинија со виолински 1 и бас 2 клучеви. Секоја хармонска линија мора да има басов тон или основен тон како потпора на хармонската линија.

Статуа на Божицата Хармонија во Пенсилванија, САД

Хармонија во оркестрацијата

уреди

Хармонијата во оркестрацијата ги следи следниве начела:

  • Општи начела на поставувањето на хармонијата во оркестар (созвучје, најобјективен звучен регистар, како се поставува созвучјето под це-мол, а како цис 3, кога е најјасна хармонијата)
  • Движење на гласовите и удвојување во октави ( пр. за удвојување на 6/3, во завршна каденца во четворогласен став, 7 правила при удвојување на гласовите, сама посебе доволно јака басовска линија, не се удвојува б.тон над друг созвучен тон, како и критичните тонови).
  • Слогови на созвучјето и видови на поредок (кога созвучјето е најкомпактн, тесен и широк слог, видови на поредок: врзувачки, одвоен, вкрстен, опфатен, комбиниран; Од што зависи примената на одреден поредок: слог на созвучје (пр. во широг слог), регистар, движење на гласовите; каков поредок се користи кај метални дув. инструменти.
  • Хармонија во повеќе групи истовремено (вонсозвучни тонови, различни елементи: лежечки бас, созвучја со среден глас, движечка мелодија: 3 пр. со дрвени и метални со 2 елементи, со 3 елементи, кога движечката мелодија е во средниот глас.
  • Консонантност и дисонантност (впечатокот зависи од: регистарот, редослед на тоновите, од оркестарското поставување на тоновите, дисонантниот интервал најмногу делува кога е збиено поставен, во ист инстр, во близок рег. на иста жица; случајна дисонанца, блага дисонанца, кога техн. не е дисонанца, а звучи така од неправилен распоред на тоновите во созвучјето).

Некои напомени според англиски теоретичар Е. Праут, го споредил созвучјето во це-дур, во 12 различни композиции.