Димитар Икономов
Димитар Икономов (Ловча, Неврокоп, 1873 — Неврокоп, 1922) — македонски револуционер,[1] член на МРО / ТМОРО / ВМОРО.[2]
Димитар Икономов | ||
Роден | 1873 година Ловча, Неврокопско | |
---|---|---|
Починал | 1922 година Неврокоп Убиен од луѓето на Тодор Александров |
Животопис
уредиРоден е во селото Ловча, Неврокопско. Завршил педагошко училиште во Скопје во 1899 година. Учителствувал во село Србиново, Горноџумајско и Старчишта, Неврокопско. Соработувал со Јане Сандански. Земал учество во киднапирањето на американската мисионерка мис Елен Стон. Во 1903 година бил затворен во солунскиот затвор Еди Куле. Бил амнестиран во 1904 година.[2]
Бил подвојвода во неврокопската реонска чета на војводата Петар Милев. Членувал во Неврокопскиот околиски комитет и бил и реонски војвода во Неврокопско. Од 1906 година бил член на Серскиот окружен комитет на ВМОРО. Учествувал во Балканските и Првата светска војна.[2]
Во 1920 година бил избран за кмет на Неврокоп.[2] Во 1922 година се спротивставил македонската револуционерна организација биде водена од Тодор Александров, по што бил ликвидиран од неговите четници.[1]