Петар Милев — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Петар Милев
Роден 1879
Косача, Бугарија
Починал 8 јули 1908
Ковачевица, Бугарија

Животопис

уреди
 
Петар Говедарчето (1), Георги Николов (2), Лазар Топалов (3), Петар Милев (4) и двајца непознати.

Петар Милев е роден во 1879 година во радомирското село Косача. Учи во своето родно село, Радомир и Дупница, завршува и гимназија во Ќустендил. Во 1899 година се приклучува во ВМОРО, а од 1900 година е четник при Јане Сандански, а само една година подоцна е веќе негов секретар.

Петар Милев за време на Илинденското востание дејствува во Разлошко и Неврокопско, а по задушувањето на востанието го реорганизира регионот. На 29 јули 1905 година во месноста Белемето во Пирин учествува како делегат од Неврокопско на конгресот на Серскиот револуционерен округ. Избран е за неврокопски реонски војвода и за делегат од Серската група на претстојниот Рилскиот конгрес. Го обиколувал регионот со 10 четници, а негови подвојводи се Димитар Икономов и Димитар Арнаудов.

Јане Сандански побарал од Петар Милев да ги ликвидира Борис Сарафов и Иван Гарванов. Тој предупредува Михаил Герџиков за плановите на Сандански и како резултат на тоа, односите помеѓу нив се влошуваат. Петар Милев дејствува активно како војвода, во есента 1907 година во неговата чета го прибира американскиот новинар Артур Смит, кој ја издава книгата "Спомени од Македонија".

Кон крајот на ноември 1907 година четата на Петар Милев ја поминува границата и се враќа во Бугарија. Во пролетта 1908 година се враќа во Неврокопско, но е убиен на 8 јули 1908 година во Ковачевица од поранешниот четник Дине Дробенов, кого Милев го казнува и изгонува во 1906 од четата поради непочитување на дисциплината [1][2].

Извори

уреди
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 103.
  2. Биография от сайта на ВМРО[мртва врска]