Наца Пинџурова ( 1860 во Ваташа1954 во ) — деец на Македонската Револуционерна Организација, мајка на македонскиот револуционер Димитар Пинџур и баба на народниот херој Страшо Пинџур.[1]

Наца Пинџурова
Родена 1860 година
Ваташа, Кавадарци
Починала 1954
Националност Македонка
Сопружник Арсо Пинџур
ЌеркаТаска Пинџур
СинДимитар Пинџур
ВнукСтрашо Пинџур

Животопис

уреди

Кај населението од Ваташа и Кавадарци позната како баба Наца. Нејзиниот сопруг Арсо бил непоколеблив борец против турското ропство. Наца Пинџурова била една од првите жени членови на МРО. Нивната куќа која се наоѓала на средсело преставувала сигурен конак на многубројните револуционерни чети, а и самата честопати била ангажирана во вршење на курирски работи.[1]

 
Димитар Пинџур - син на баба Наца.

Во 1905 година откако нејзиниот син Димитар се вклучил во комитската чета на војводата Добри Даскалов, Наца била затворена заедно со нејзината ќерка Таска. По силните измачувања кои биле кобни за нејзината ќерка Таска, баба Наца не пролеала ниту солза, а сето тоа го прокоментирала со зборовите: „Борбата бара многу жртви”. По задушувањето на Тиквешкото востание, баба Наца била уапсена од страна на српските власти и била подложена на големи измачувања со цел да открие каде се наоѓа нејзиниот син Димитар. Таа на тоа одговорила: „Зарем и прилега на на мајка да си го предаде својот син”.[1]

 
Народниот херој Страшо Пинџур - внук на баба Наца - син на Димитар Пинџур.

По смртта на синот Димитар кој загинал во Првата светска војна во октомври 1915 година кај Криволак, баба Наца била единствената што се грижела за својот внук Страшо. Мајчински се трудела на Страшо да му овозможи солидно да се образува, лишувајќи се притоа и од најнеопходното. Еден од најсреќните моменти во нејзиниот живот е кога во декември 1940 година нејзиниот внук Страшо, дипломирал на Правниот факултет во Белград. Целиот нејзин живот бил исполнет во страв и исчекување. По смртта на нејзиниот сопруг Арсо, ќерката Таска и синот Димитар, на 4 јануари 1943 година нејзиното срце издржало уште една болка, кога разбрала за смртта на внукот Страшо. Починала во 1954 година.[1]

Во нејзина чест

уреди
 
Куќата на Пинџурови - која е претворена во музеј.

Една улица во Кавадарци е именувана со нејзиното име.[2] Куќата на Пиџурови станала музеј во 1958 година, а во 1976 година е целосно обновена и за време на Денот на ослободувањето на градот Кавадарци (7 септември), свечено е пуштена во употреба како меморијален спомен-музеј, во која е сместена и историска поставка за животот и делото на Страшо Пинџур.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 426. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. „Завршено асфалтирањето на уште една улица во Кавадарци“. Kurir.mk. Посетено на 2024-07-06.
  3. „Канческа-Милевска во посета на Спомен куќата на Страшо Пинџур“. Република. 1 декември 2014. Архивирано од изворникот на 2018-01-04. Посетено на 10 март 2017.