Двата Гроба (Долни Дисан)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Двата Гроба

Карта

Местоположба 41°25′40″N 22°5′44″E / 41.42778° СГШ; 22.09556° ИГД / 41.42778; 22.09556
Основни податоци
Место Долни Дисан
Општина Неготино
Тип

 вила рустика  некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Двата Гробаархеолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува вила рустика и некропола од римското време. На околу 1 км југоисточно од селото од двете страни на патот за Вешје, по површината можат да се видат обработени плочи од гробови од типот циста. На северозападната страна на наоѓалиштето се наоѓа траса на ѕид, на одделни места висок 1,50 м, широк околу 2,5 м. Овде е најдена и една стела со старогрчки натпис која се чува кај Диме Стојанов од истото село.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 231, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.