Дарен Емерсон (англиски: Darren Emerson) (роден 30 април 1971, во Хорнчрч, Англија) е денс диџеј и некогашен член на англиската група Underworld.

Дарен Емерсон
Darren Emerson
Роден(а)30 април 1971
ПотеклоХорнчрч, Англија, Велика Британија
ЖанровиТехно
хаус
прогресив хаус
прогресив транс
ЗанимањаДиск џокеј
продуцент
Период на активност1987—сѐ уште
ИздавачиTime Unlimited, Thrive, Underwater, K7, Boxed, Global Underground''
СоработнициUnderworld
Мреж. местоhttp://www.darrenemerson.com/
Дарен Емерсон (лево) настапува со Дени Хауелс (десно) во 2017 година

Кариера

уреди

Емерсон почнал со миксување на хип-хоп песни на 14-годишна возраст, а веќе на 16 бил редовен диџеј во месните клубови. Почнал да навлегува во хаус музиката и набрзо се здобил со репутација како еден од најдобрите британски диџеи, што му овозможило да пушта музика во врвни клубови, како The Milk Bar, Limelights и Venus. Дарен спечалил неколку признанија како „Диџеј на месецот“ во списанието The Face, како и во i-D.

Во 1990 година, Мартин Пруденс, зет на Рик Смит, го запознал Дарен со дуото Underworld и тој бил поканет од Карл Хајд да стане трет член на групата. Албумот dubnobasswithmyheadman бил нивното пробивање на тогаш растечката британска електронска сцена. Додека работеле на нивниот втор албум, Second Toughest in the Infants, го издале синглот „Born Slippy .NUXX“, којшто станал хит веднаш по вклучувањето во саундтракот за филмот Trainspotting.

Емерсон исто така бил и многу баран ремиксер, со ремикси на разни изведувачи, како The Chemical Brothers и Бјорк.

Дарен се разделил од Underworld во 2000 година и продолжил со својата соло кариера како диџеј и ремиксер, и исто како како сопственик на издавачка куќа. Издавал свои песни и песни на други изведувачи под неговата куќа и на крај добил и своја ноќ во супер клубот Pacha, на Ибица, заедно со диџејот Ерик Морило.

Изминатите неколку години, Емерсон прави турнеи низ светот додека се подготвува за неговиот прв соло албум.

Од 2004 наваму, Емерсон е во врска со британската новинарка Кејт Торнтон. Моментално се верени и го очекуваат првото дете, во мај 2008.

Дискографија

уреди

Соло изданија

уреди

Надворешни врски

уреди