Данијел Алексиќ (роден е на 30 април 1991 година) е професионален српски фудбалер кој во моментов игра за турскиот клуб Истанбул Башакшехир.

Ран живот - детството

уреди

Данијел е роден во Пула, СР Хрватска, Југославија. Алексиќ имал само неколку месеци кога неговата мајка побегнала во Србија поради ескалацијата на етничкиот конфликт во Хрватска. Алексиќ никогаш не го запознал биолошкиот татко. Тој го носи презимето на мајка му.[1]

Клупска кариера

уреди

Алексиќ започнал да игра фудбал на седумгодишна возраст во локалниот клуб ФК Ветерник од Нови Сад. На 11-годишна возраст се префрлил во поголемиот и попознат клуб на ФК Војводина каде што ја поминал секоја возрасна младинска (пионерска) група. Истовремено со фудбалот, го посетувал средното техничко училиште Јован Вукановиќ.[2]

Војводина

уреди

На 5 мај 2007 година, Данијел го одиграл својот прв натпревар за сениорскиот тим на Војводина под водство на главниот тренер Милован Рајевац. Тоа се случило на лигашкиот натпревар на гостувањето кај Црвена ѕвезда од Белград. Со само 16 години, Алексиќ станал вториот најмлад играч кој некогаш се појавил на натпревар од Српската Суперлига (зад играчот Славко Перовиќ). До крајот на сезоната 2006-07, тој одиграл уште еден настап во првата лига.

Својот прв лигашки гол го постигнал на 2 април 2008 година, во победата на тимот на Војводина со 4:1 на домашен терен против екипата на Хајдук од Кула.[3]

За време на првиот натпревар на Војводина од сезоната 2008–09, во дербито против Црвена ѕвезда од Белград, Алексиќ постигнал гол во 90та минута со што ја обезбедил славната победа од 2:0 за неговиот тим против големиот противник.[4] Во ноември 2008 година, Алексиќ бил мета за трансфер на најголемите српски клубови - Црвена звезда и Партизан, но сепак, тогашните функционери на Војводина биле категорични дека никогаш нема да го продадат Данијел на конкурентите од лигата.[5] Кон крајот на март 2009 година, тој, наводно, бил под лупа на скаутите од шпанските клубови Реал Мадрид и Виљареал кои доаѓале да го гледаат како игра за српската репрезентација до 19 години.[6] Во средината на мај 2009 година, Алексиќ изјавил дека би сакал неговиот прв трансфер во странство да биде во холандската Ередивизија или германската Бундес лига.[7]

Џенова

уреди

На 19 јануари 2010 година, сепак Алексиќ потпишал да настапува во италијанскта екипа на Џенова ЦФЦ.[8]

Тој бил второто српско засилување на клубот во сезоната, по Ненад Томовиќ. Играјќи под раководство на главниот тренер Џан Пјеро Гасперини, Алексиќ го одиграл својот прв натпревар во Серија А против тимот на Јувентус на 14 февруари 2010 година, влегувајќи како замена во 88та минута на Доменико Кришито. Овој натпревар Џенова го загубила со резултат од 3:2. Краткото неколкуминутно играње на тој натпревар било негов единствен настап во лигата до крајот на сезоната 2009-10 во Серија А.

Доаѓањето на напаѓачот Лука Тони во Џенова во летото 2010 година значело дека Алексиќ бил вишок во клубот, па така на 1 јули, младиот играч требало да биде позајмен на клубот од Серија Б, ФК Кротоне.[9] Сепак, тој не се сложил со заминувањето во Кротоне, го одбил трансферот и останал во Џенова до крајот на сезоната.[10] До крајот на летниот преоден рок во 2010 година, кога тој бил позајмен во Бундес лига 2 од клубот СпВгг Гројтер Фирт. Таму останал до крајот на сезоната 2010–11.[11]

Кавала

уреди

Грчките медиуми на 21 август 2011 година пишувале дека Џенова го позајмила Алексиќ на тимот на Кавала, но по неколку недели грчкиот тим испаднал од грчката Суперлига во грчката регионална дивизија, па позајмицата била откажана и тој сепак се вратил во Џенова.

Легија Гдањск

уреди

Алексиќ ѝ се приклучил на Легија од Гдањск за време на летниот преоден рок 2014 година со потпишан двегодишен договор.[12] Својот прв натпревар во новиот клуб од Гдањск го имал во поразот од Висла Краков со резултат од 3:1.[13] По лошиот старт со новиот клуб, Алексиќ брзо се нашол во позиција да игра за вториот тим на Легија.[14] Бил критикуван за своите лоши игри за првиот тим.[15] По шест месеци во клубот, лошите настапи за тимот се претворил во вишок и бил продаден на швајцарскиот клуб Сент Гален. Трансферот во Сент Гален се случил во февруари 2015 година. Сѐвкупно за првата екипа на Легија одиграл четири натпревари во кои не постигнал гол. За вториот тим одиграл 6 натпревари и постигнал вкупно 3 гола.[16]

Репрезентација

уреди

Алексиќ бил носител на значајно одликување. Имено, тој е единствениот играч што се појавил за четири различни државни репрезентации во возрасна конкуренција во текот на една календарска година. Во текот на целата 2008 година, тој настапувал за српските У17 (кадети), У19 (јуниори), У21 (младинци) и секако и за сениорската репрезентација на Србија.

Младинска кариера

уреди

Алексиќ бил капитен на српската фудбалска репрезентација до 17 години. На квалификацискиот турнир во 2008 година, кој се одржал во текот на пет дена и тоа кон крајот на март 2008 година, Алексиќ постигнал пет гола во вкупно три натпревари (три од игра и два од пенал) кога Србија се квалификувала на првото место во групата на тој завршен турнир. Покрај неговите пет гола, тимот постигнал само уште еден и тоа од страна на играчот Адем Љајиќ. Алексиќ сам ја водел својата државна репрезентација до последната групна фаза и бил главен кандидат за наградата златна копачка за возраст до 17 години за најмногу постигнати голови.

Во мај 2008 година, на Европското првенство за фудбалери до 17 години на УЕФА 2008 во Турција, тој постигнал спектакуларен гол на првиот натпревар против репрезентацијата на Шкотска, како и асистирајќи за вториот за конечен резултат 2:0. Следниот натпревар во групата на Србија противник ѝ била репрезентацијата на Холандија. И покрај тоа што репрезентацијатга на Србија била подобра во целиот натпревар, тимот не можел да постигне гол поради херојските одбрани на холандскиот голман Јероен Зоет. На крајот Србија го загубила натпреварот со 1:0. Последниот и одлучувачки натпревар во групата бил против репрезентацијата на Турција. Србија повторно ги пропуштила своите шанси за гол, вклучително и одличниот удар на Алексиќ. Натпреварот завршил со резултат 0:0, што значело дека Србија на крајот завршила на третото место во групата и не се квалификувала во полуфиналето на турнирот.

Сениорска репрезентација

уреди

Алексиќ својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Србија го имал како 17-годишник во декември 2008 година под водство на селекторот Радомир Антиќ. Тоа се случило на пријателскиот натпревар на Србија против репрезентацијата на Полска. Овој настап го прави Алексиќ да биде еден од најмладите дебитанти досега. Натпреварот се одиграл во Белек, Република Турција. Неговиот следен настап за сениорската репрезентација се случил речиси десет години подоцна, кога влегол во игра како замена доцна на гостувањето во Лигата на нации на УЕФА против репрезентацијата на Литванија.

Статистика во кариерата

уреди

Клуб

уреди
Обновено на Последно обновување на крајот на 2019–20 сезона[17]
Натпревари и постигнати голови по клубови, сезони и натпревари
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Европски натпревари Други Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Војводина

Нови Сад

2006–07 2 0 0 0 0 0 2 0
2007–08 12 2 0 0 1 0 13 2
2008–09 22 4 1 1 4 0 27 5
2009–10 12 2 3 2 0 0 15 4
Вкупно 48 8 4 3 5 0 57 11
Џенова

италијанско првенство

2009–10 1 0 0 0 0 0 1 0
Гројтер Фирт

(позајмен играч)

2010–11 16 2 1 0 0 0 17 2
Сент Етјен

француско првенство

2011–12 1 0 0 0 0 0 1 0
2012–13 2 0 0 0 0 0 2 0
Вкупно 3 0 0 0 0 0 3 0
Сент Етјен II 2011–12 8 5 0 0 0 0 8 5
2012–13 23 7 0 0 0 0 23 7
2013–14 1 0 0 0 0 0 1 0
Вкупно 32 12 0 0 0 0 32 2
Арлес Авињон (позајмен играч) 2013–14 1 0 0 0 0 0 1 0
Арлес Авињон (позајмен играч) 2013–14 2 1 0 0 0 0 2 1
Легија Гдањск 2014–15 3 0 1 0 0 0 4 0
Сент Гален

швајцарско првенство

2014–15 4 1 0 0 0 0 4 1
2015–16 33 12 2 0 0 0 35 12
2016–17 24 3 2 0 0 0 26 3
2017–18 28 7 3 1 0 0 31 8
Вкупно 89 23 7 1 0 0 96 24
Јени Малатијаспортурско првенство 2018–19 32 10 6 4 0 0 38 14
Aл Ахли

египетско првенство

2019–20 1 1 0 0 2 1 3 2
Истанбул Башакшехир

турско првенство

2019–20 24 6 4 1 7 1 35 8
Вкупно во кариерата 252 63 23 9 14 2 289 74

Меѓународна кариера

уреди
Настапи и голови во репрезентација по година за сениорската репрезентација на Србија
Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија 2008 година 1 0
2018 година 1 0
Вкупно 2 0

Почести

уреди

Истанбул Башакшехир

Индивидуален

  • Награда златен играч (златна копачка) на Европското првенство за играчи до 17 години на УЕФА: 2008 година како најдобар стрелец[19]

Наводи

уреди
  1. „Trnovit put Vošinog "vunderkinda" (српски). MTS Mondo. 28 October 2008. Посетено на 29 July 2011.[мртва врска]
  2. „Srpski vunderkind“ (српски). Večernje novosti. 13 October 2007. Посетено на 29 July 2011.[мртва врска]
  3. „Bežanija iznenadila Partizan!“ (српски). B92. 2 April 2008. Посетено на 29 July 2011.
  4. „SL: Vojvodina slavila u derbiju!“ (српски). MTS Mondo. 17 August 2008. Архивирано од изворникот на 11 September 2008. Посетено на 29 July 2011.
  5. „ZVEZDA HOĆE ALEKSIĆA, BATA NI DA ČUJE“ (српски). Press. 27 November 2008. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 29 July 2011.
  6. „Skauti Reala gledali Aleksića u Inđiji“ (српски). MTS Mondo. 31 March 2009. Архивирано од изворникот на 5 June 2009. Посетено на 29 July 2011.
  7. „Aleksić: Privlači me magija Bundeslige“ (српски). Blic. 16 May 2009. Архивирано од изворникот на 28 January 2010. Посетено на 29 July 2011.
  8. Siljanovski, Vlatko (19 January 2010). „Genoa win Aleksic chase“. Sky Sports. Посетено на 20 January 2010.
  9. „Toni poslao Aleksića u Krotone“ (српски). MTS Mondo. 1 July 2010. Посетено на 29 July 2011.
  10. „Salta l'arrivo di Aleksic al Crotone“. crotonesport.com (италијански). 23 July 2010. Посетено на 14 August 2010.[мртва врска]
  11. „Aleksić u Grojter Firtu“ (српски). MTS Mondo. 1 September 2010. Посетено на 29 July 2011.
  12. „Danijel Aleksić zawodnikiem Lechii Gdańsk“. lechia.pl. Архивирано од изворникот на 2019-10-09. Посетено на 2022-01-20.
  13. „2014/15 Ekstraklasa“. lechia.net.
  14. „Danijel Aleksić: Liczę, że rezerwy to dla mnie przeszłość“. sport.pl.
  15. „Danijel Aleksić – ogórek z Lechii stał się kozakiem w Szwajcarii“. weszlo.com.
  16. „2014/15 III Liga“. lechia.net.
  17. „D.Aleksić Soccerway stats“. Soccerway. Посетено на 12 January 2018.
  18. „Istanbul's Medipol Başakşehir wins first ever Turkish Süper Lig title“. Daily Sabah. 19 July 2020. Посетено на 19 July 2020.
  19. 2008: Danijel Aleksić in UEFA.com

Надворешни врски

уреди