Доситеј Новаковиќ
Доситеј Новаковиќ (околу 1774, Дабница — 1854, Неготин) — духовник и епископ тимочки од 1834 до 1854 година.
Доситеј Новаковиќ | |
---|---|
Епископ Тимочки | |
Ракоположен | 1834 |
Службата завршила | 1854 |
Наследник | Герасим Стојковиќ |
Лични податоци | |
Роден | околу 1774 Дабница, Прилепско, Османлиско Царство |
Починал | 2 април 1854 Неготин, Кнежевство Србија |
Вероисповед | Православие |
Биографија
уредиРоден е во село Дабница кај Прилеп околу 1774. Како млад престојувал во манастирот Трескавец. Набрзо заминал на Света Гора во манастирот Зограф каде го прима монаштвото. Таму бил ракоположен за јероѓакон, а потоа и за јеромонах. Од Света Гора заминал во Пирот, а потоа во Ниш, каде што тамоншниот епископ Мелетиј го поставил за свој протосингел.
После убиството на епископот Мелетиј на 31 мај 1821 година од страна на Тураците кои поради Грчкото востание затворале и убивале православно свештенство, Доситеј успева да пребегне во Србија каде што кнезот Милош Обреновиќ го примил и му дал должност старешина на манастирот Света Петка, а потоа и на манастирот Горњак.
Кога во 1833 година била ослободена Тимочка Краина, и припоена на Кнежевството Србија, кнезот и митрополитот белградски одлучиле да формираат Тимочка епархија. Митрополитот Петар во договор со други двајца епископи, ужичкиот Никифор и шабачкиот Герасим, предложил три архимандрити од кои едниот бил Доситеј. Во 1834 на Сретение Господово, на 2 февруари бил ракоположен во Крагуевац за епископ тимочки во присуство на самиот кнез и народните претставници, кои биле собрани заради донесување на Уставот.[1]
По хиротонијата, новиот епископ извесен период се задржал во Крагуевац, учествувајќи во работата на народното собрание, како и во работата на Архиjерејскиот собор, кој заседавал за проблемите на организацијата на Црквата по добивањето на спомнатата самоуправа. Речиси по еден месец, некаде во средината на месец март, епископот Доситеј тргнал за својата епархија, која имала свое седиште во градот Заечар.
Епископот Доситеј управувал со Тимочката епархија 20 години. Починал на 2 април 1854 година во Неготин. Неговиот гроб се наоѓа во криптата на старата неготинска црква.[2][3][4] Името на Доситеј Новаковиќ денес го носи Народната библиотека во Неготин.
Наводи
уреди- ↑ протојереј-ставрофор Јовић, Ранко (2003.). „Стара Богородична црква у Неготину, седиште Епархије тимочке-неготинске и први њен епископ Доситеј Новаковић“. Баштиник. 6. (Историјски архив Неготин): 127. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Из „Поменика“ Милана Ђ. Милићевића, XXVII књига Чупићеве задужбине, Београд, 1888.
- ↑ [https://web.archive.org/web/20210828191041/http://www.spc.rs/sr/stosedamdesetpet_godina_timocke_eparhije Архивирано на 28 август 2021 г. Стоседамдесетпет година Тимочке епархије | Српска Православна црква [Званични сајт]], Приступљено 31. 3. 2013.
- ↑ Episkopi Архивирано на 15 септември 2008 г., Приступљено 31. 3. 2013.