Алексо Бешироски
Алексо Миланов Бешироски ( 1915 во Дабница — 20 септември 1942 во Дабница) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис
уредиАлексо Миланов Бешироски е роден во 1915 година во селото Дабница. По занимање бил земјоделец. Активно ја помагал народноослободителната борба поради што бил фатен од бугарската полиција. Истата го стрелала во месноста Завој кај Дабница на 20 септември 1942 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Константинов и Тодорка Спанкова, Милош (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола.