Душан Бешироски
Душан Перев Бешироски ( 1909 во Дабница — 20 септември 1942 во Дабница) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис
уредиДушан Перев Бешироски е роден во 1909 година во селото Дабница. По занимање бил земјоделец. Како активен соработник на Народноослободителната борба, бил откриен од бугарската полиција, и бил фатен и ѕверски мачен, и потоа стрелан во месноста завој кај Дабница на 20 септември 1942 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Константинов и Тодорка Спанкова, Милош (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола.