Градиште (Ениџевардарско)

поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Градиште (грчки: Κύρρος, Кирос, до 1926 г. Παλαιόκαστρο, Палеокастро[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција.[2]

Градиште
Κύρρος
Градиште is located in Грција
Градиште
Градиште
Местоположба во областа
Градиште во рамките на Постол (општина)
Градиште
Местоположба на Градиште во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.7′N 22°17.44′E / 40.8450° СГШ; 22.29067° ИГД / 40.8450; 22.29067
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во Солунското Поле, в подножјето на планината Пајак, 11 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

уреди

Градиште е изградено на местото на древномакедонскиот град Кир.[3]

На почетокот на XX век Градиште е заведено како мало селце во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Градиште (Паликастра) броело 106 жители Македонци.[4][5]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 75 жители, а во 1920 г. веќе имало двојно повеќе луѓе — дури 139 лица.[2] Во 1920-тите властите довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Кирос (грцизиран облик на Кир), согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1928 г. селото имало 125 жители, од кои 70 биле грчки дојденци, а останатите Македонци.[6]

Околу 1930 г. сите жители го напуштиле селото. Од Македонците, девет семејства се преселиле во В’дришта и едно во Сарбегово, а дојденските се прибрале во соседното Обор.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παλαιόκαστρο -- Κύρρος
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 66–67.
  3. Αναστασοπούλου, Φωτεινή. „Αρχαία Κύρρος“. Golden Greece. Архивирано од изворникот на 2018-06-22. Посетено на 22 јуни 2018.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.