Сојуз на македонските емигрантски организации
Сојузот на македонските емигрантски организации бил една од најголемите раководни организации на македонската емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни. Неговите друштва се познати како македонски културно-просветни и добротворни братство (МКПББ).

Основна дејност на организацијата во Бугарија е културна, просветна и добротворна активност, а пред меѓународната заедница и Лигата на народите унапредување на Македонското прашање и непочитувањето на човековите права на Македонците во Кралството Југославија и Кралството Грција.
Организацијата се раководи од Националниот комитет и годишен општ конгрес. Печатени органи на СМЕО се весниците "Независна Македонија", "Македонија" и "La Macédoine". Финансиска поддршка добива од Внатрешната македонска револуционерна организација и од членарина, политичка - од Македонската парламентарна група и одделни пратеници, а на меѓународно ниво е поддржана од странски политичари, општественици, публицисти и научници [1].
Во еден момент бројот на друштвата изнесувал 210 во цела Бугарија [2].
По Деветосептемвријскиот државен удар од 1944 година СМКПББ бил забранет и растурен [3].
Книги издадени од Сојузот на македонските емигрантски организации (на бугарски):
- "Гарванската Голгота (2 март 1923 г.)" , Софиjа, 1924 г.
- "Мемоар от Костурско-Леринско-Кайлярската емиграция в София" , Софиjа, 1913 г.
- "Македонците в културно-политическия живот на България" , Софиjа, 1918 г.
- "MEMOIR on the Situation of the Bulgarian Minority in Greek and Serbian Macedonia. Submitted to the Assembly of the International Union of Associations for the League of Nations" , Софиjа, 1925 г.
- "Положението в Македония" , Софиjа, 1913 г.
ПоврзаноУреди
ИзвориУреди
- ↑ Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр. 264.
- ↑ „„Погромът над бежанските организации на българите от Македония", Съюз на македонските организации, 2009 г.“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-11-28. Посетено на 2011-07-25.
- ↑ Електронна енциклопедия „История на България“, ИК Труд, Сирма, 2003 (статия за Македонски дружества и братства)