Престолнински регион (Данска)
Престолнинскиот регион, или Голем Копенхаген е еден од 5-те региони на Кралството Данска, сместена во крајниот источен дел на државата. Управното седиште на регионот се наоѓа во градот Хилерод, додека најголем град во регионот е главниот град на Данска, Копенхаген.
Престолнински регион | ||
---|---|---|
Регион во Данска | ||
| ||
Најголем град | Копенхаген | |
главен | Хилерод | |
Општини | ||
Управа | ||
• претседател | Вибек Сторм Расмусен (Социјал Демократска Партија на Данска) | |
Површина | ||
• Вкупна | 2.561 км2 (989 ми2) | |
Население (1 октомври 2011) | ||
• Вкупно | 1,713,624 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Мреж. место | www.regionhovedstaden.dk |
Регионот е по многу работи единствена во Данска, бидејќи го опфаќа градот Копенхаген и неговите предградија.
Положба и граници
уредиПрестолнинскиот регион го опфаќа источниот дел на Данска и во целост е островски. Границите на регионот се морски, и тоа:
- север: теснецот Категат
- исток: Балтичко Море
- југ: Балтичко Море
- запад: Зеланд.
Природни услови
уредиПрестолнинскиот регион е во целост островски. Најголем остров е истоимениот остров Зеланд, истовремено и најголем во Данска. Островот не е целосно во рамките на регионот, туку само неговиот североисточен дел, додека останатиот дел припаѓа на регионот Зеланд. Втор остров по значење е островот Ворнхолм, во Балтичко Море, кој е значително оддалечен од остатокот од регионот (и државата) - околу 150 километри источно. Брегот не е многу разгранет, освен нејзиниот северен дел, каде има многу мали заливи, полуострови, премини и крајбрежни островчиња.
Регионот е претежно рамничарски, со надморска височина до 162 м (остров Борнхолм). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Делот од Копенхаген е доста разгранет, но подрачјата на северот од регионот и во рамките на островот Борнхолм се под земјоделско обработување и крајбрежни мочуришта.
Население
уредиСпоред последниот попис на населението од 2010 година, во регионот близу 1,7 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, но во значајно помал дел за разлика од останатите делови од државата (има бројни нови доселеници во подрачјето на Копенхаген). Населението е значајно урбано, за разлика од државниот просек.
Густина на населеност на регионот е 650 жит/км2, што е навистина над државниот просек (127 ж/км2), Делот од островот Зеланд, каде се наоѓа и главниот дански град Копенхаген, е многу густо населено (>800 жит/км2), додека Борнхолм е поретко населелен (70 жит/км2), односно доста ретко населен за разлика од државниот просек.
Општини
уредиРегионот има 29 општини, и тоа:
Градови
уредиЗначајни градови во регионот се: