Региони во Данска

(Пренасочено од Регион во Данска)

Регионите во Данска (дан. regioner) се создадени како дел од административното преуредување на земјата во 2007 година.[1] како замена за дотогашните окрузи (amter). Воедно, бројот на општини (kommuner) бил намален од 270 на 98.

Задачи на регионите

уреди

Према Законот за регионите нивните задачи се:

  • Здравствениот систем
  • Регионалниот развој (природа, екологија, економика, туризам, вработеност, образование, култура и развивање на помалку развиените и на земјоделски делови во регионите, како и административни услуги за регионален раст)
  • Загадување на почвите
  • Картографирање на суровините и планирање за нивната експлоатација
  • Специјализирани социјални институции за социјално и психички слаби жители
  • Создавање друштва за јавен транспорт (автобуси, возови и слично)

Данските региони не се финансираат од директни даноци, туку од државни субвенции (фискални трансфери).

Список на региони

уреди
Лого Назив Изворно Админ. центар Најголем град Население
[2]
Површина
(км²)
Густина
(жит./км²)
Составни окрузи до 2007
Податотека:Region Zealand logo.jpg Зеланд[бел 1] Region Sjælland Соре Роскилде 817.907 7.217,8 113,32 Роскилде, Стурстрем и Западен Зеланд
Податотека:Region Syddanmark logo.png Јужна Данска Region Syddanmark Вајле Оденсе 1.201.342 12.191 98,02 Фунен, Рибе, Јужен Јитланд и јужната половина од Вајле
  Престолнински[бел 2] Region Hovedstaden Хилеред Копенхаген 1.714.486 2.546,3 673,32 Копенхаген и Фредериксборг
  Северна Данска Region Nordjylland Олборг Олборг 579.996 7.874,0 73,66 Северен Јитланд, северниот дел од Виборг и мал дел од Орхус
Податотека:Region Midtjylland logo.jpg Среден Јитланд Region Midtjylland Виборг Орхус 1.266.682 13.000,2 97,44 Рингкјебинг, речиси сет Орхус, јужниот дел од Виборг и севериот дел од Вајле
  Данска Danmark Копенхаген Копенхаген 5.580.413 42.894,8 130,10
Белешки
  1. Поавтентично наречен „Шеланд“.
  2. Наречен и „Голем Копенхаген“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Стапило на сила на 1 јануари 2007
  2. Податок од 1 јануари 2012 г.

Надворешни врски

уреди