Хилеред

(Пренасочено од Хилерод)

Хилеред е значаен град во Данска, поточно во североисточниот дел на државата. Градот е средиште на покрајната Престолнинскиот регион, каде со околните населени места, претставува општина, Општина Хилеред. Денес Хилеред има околу 30.000 жители во градот и околу 57.000 во поширокото градско подрачје.

Хилеред
град
Замок Фредериксборг
Грб на Хилеред
Грб
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Denmark" nor "Шаблон:Location map Denmark" existsМестоположба во Данска
Координати: 55°56′N 12°19′E / 55.933° N; 12.317° E / 55.933; 12.317
Управа
 • градоначалникКирстен Јенсен
Население (2012)
 • Вкупно30.570
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоhttp://www.hillerod.dk

Главна знаменитост на Хилеред е замокот Фредериксборг, една од најраскошните градби во цела Данска и поранешно седиште на кралското семејство.

Природни условиУреди

Хилеред се наоѓа во североисточниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 40 километри северно.

Релјеф: Градот Хилеред се наоѓа во североисточниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е типично за дански услови. Надморската височина на средиштето на град се движи помеѓу 20-70 метри.

Клима: Климата во Хилеред е умерено континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Хилеред се наоѓа во внатрешноста на островот, без допир со поголема површина вода. Затоа градот се формирал околу мало езеро, на кое денес се наоѓа замокот Фредериксборг.

ИсторијаУреди

Подрачјето околу Хилеред било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба првпат се споменува во 1200 година. Поголемиот дел од минатото на градот е поврзан со замокот Фредериксборг.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

НаселениеУреди

Денес Хилеред има околу 30.000 жители во градските граници и околу 57.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Хилерод до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

ГлаеријаУреди

Надворешни врскиУреди