Географија на Германија
51°00′N 10°00′E / 51.00° СГШ; 10.00° ИГД
Континент | Европа |
---|---|
Регион | Средна и Западна Европа |
Координати | 51°00′N 10°00′E / 51.00° СГШ; 10.00° ИГД |
Површина | 62. место |
• Вкупна | 357.022 км2 |
• Земја | 97,66 % |
• Вода | 2.34 % |
Брег | 2.389 км |
Граници | 3.714 км Со земјите:
|
Највисока точка | Цугшпице, 2962,06 м |
Најниска точка | - 3,54 м |
Најдолга река | Рајна, 1.230 км |
Најголемо езеро | Боденско Езеро 536 км2[1] |
Клима | умерена |
Терен | низини на север; висорамнини во средината; Алпите на југ |
Природни ресурси | јаглен, лигнит, земен гас, железна руда, бакар, никел, ураниум, поташа, сол, градежни материјали, дрвена граѓа, обработливо земјиште |
Природни опасности | поплави, земјотреси во Рајнската област-Пфалц, Северна Рајна-Вестфалија и Баден-Виртемберг, свлечишта |
Германија е држава која се наоѓа во Средна и делумно во Западна Европа.
Граници
уредиВкупната површина на земјата изнесува 357.026 км2, и според тоа се наоѓа на 61 место по големина во светот. Таа граничи на север со Северно Море, Данска, и Балтичко Море, на исток со Полска и Чешка, на југ со Австрија и Швајцарија, и на запад со Франција, Луксембург, Белгија и Холандија.
Главниот град Берлин е најголемиот во државата со околу 4.000.000 жители.
Население
уредиСпоред проценките од 2014 г., Германија брои околу 81.083.600 жители[2]. Густината на населеноста е 226 жители на квадратен километар.
Клима
уредиКлимата во Германија е умерена со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими. Низ неа поминуваат реките Рајна, Дунав и Елба. Германија, всушност, е сместена на крстосниците на европските трговски и културни патишта.
Површина
уредиГерманија е сместена во Западна и Средна Европа, и се граничи со Данска на север, Полска и Чешка на исток, Австрија и Швајцарија на југ, Франција и Луксембург на југозапад, и Белгија и Холандија на северозапад. Се протега претежно помеѓу 47° и 55° СГШ (крајот на Зилт) и 5° и 16° ИГД. Територијата зафаќа површина од 357.021 км2, од кои 349.223 км2 се копно и 7.798 км2 вода. Со ова е седма земја по големина во Европа и 63-та во светот.[3]
Крајни точки
уреди- најсеверна точка: Лист, Зилт, Шлезвиг-Холштајн 55°03′N 8°24′E / 55.050° СГШ; 8.400° ИГД
- најсеверна точка во континентална Германија: Авентофт, Шлезвиг-Холштајн 54°54′N 8°49′E / 54.900° СГШ; 8.817° ИГД
- најјужна точка: Халденвангер Ек, Оберстдорф, Баварија 47°16′12.39″N 10°10′41.95″E / 47.2701083° СГШ; 10.1783194° ИГД
- најзападна точка: Изенбрух, Зелфкант, Северна Рајна-Вестфалија 51°3′N 5°52′E / 51.050° СГШ; 5.867° ИГД
- најисточна точка: Дешка, Најсеауе, Саксонија 51°16′N 15°2′E / 51.267° СГШ; 15.033° ИГД
- најниска точка (природна): Нојендорф-Заксенбанде, Вилстермарш, Шлезвиг-Холштајн 3,53 м под морското ниво 53°57′48″N 9°19′5″E / 53.96333° СГШ; 9.31806° ИГД
- највисока точка: Цугшпице (на Баварските Алпи, 2.962 м, Гармиш-Партенкирхен / Грајнау, Баварија 47°25′N 10°59′E / 47.417° СГШ; 10.983° ИГД
Поморски поседи
уреди- Континентален праг: длабочина од 200 м, или длабочината на испитување
- Исклучива економска зона: 200 М (370,4 км).
- Територијални води: 12 М (22,2 км)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ https://www.independent.co.uk/extras/travel/the-complete-guide-to-lake-constance-5333037.html
- ↑ „State & society - Current population - Population based on the 2011 Census - Federal Statistical Office (Destatis)“. destatis.de. 29 January 2015.
- ↑ „Германија“. Светска книга на факти на ЦИА. Централна разузнавачка агенција. 14 ноември 2006. Архивирано од изворникот на 2006-09-30. Посетено на 29 ноември 2006. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Географија на Германија“ на Ризницата ? |
- Карти на Германија Архивирано на 4 декември 2015 г. — Сојузна служба за картографија и геодезија
- Климатски атлас на Германија