Лист (Зилт)
Лист на Зилт (германски: List auf Sylt, порано само Лист) — најсеверна општина во Германија, сместена на островот Зилт во Северното Море, близу Данска во рамките на округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Местото е најсеверната точка во земјата.
Лист
List | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Месна заед. | Крај Зилт |
Градоначалник | Волфганг Штренгер |
Основни податоци | |
Површина | 18,47 км2 |
Надм. височина | 3 м |
Население | 1.618 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 88 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25992 |
Повик. бр. | 04651 |
Портал | amtlandschaftsylt.de |
Местоположба на Лист во рамките на округот Северна Фризија | |
Координати | 55°0′N 8°26′E / 55.000°N 8.433°E |
Историја
уредиЛист првично бил данска населба, составена од две фарми. Лист бил дел од кралските енклави, кои биле мали области на Кралството Данска сместени во рамките на Војводството Шлезвиг, кое исто така било управувано од данскиот крал. По данско-германската војна во 1864 година, Лист станал дел од Прусија. Референдумот во 1920 година ја повлекол границата северно од Лист, додека следниот остров (Реме) бил вратен на Данска. По Првата светска војна, Лист станал поморска воздухопловна база. Многу градби биле изградени во текот на нацистичкиот период. Од 1950-тите години, економијата на Лист главно се потпира на туризмот.
Географија
уредиЛист е опкружен од дини и низини и како и остатокот на островот, поседува одлични плажи.
Сообраќај
уредиПостои ферибот од Лист до данскиот остров Реме. Еден единствен пат води на југ до главниот град на островот Вестерланд.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Лист на Ризницата ?
- Општината на Крај Зилт
Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |