Генадиј Сосонко

(Пренасочено од Генади Сосонко)

Генадиј Борисович Сосонко (руски:Геннадий Борисович Сосонко) (роден на 18 мај 1943 во Троицк, Русија) е холандски шахист со руско потекло. [1]

Генадиј Сосонко

Генадиј во 1958 година го освоил јуниорскиот натпревар на Ленинград.

Во 1972 година се преселил од СССР во Холандија преку Израел. Во 1973 и 1978 година го освоил холандското првенство (на делба на првата позиција). Според неговите шаховски белешки, тој бил прв на турнирот во Вајк Ан Зее во 1977, прво во Нијмеген во 1978, трет во Амстердам во 1980, прв во Вајк Ан Зее во 1981, трет во Тилбург во 1982 и четврти во Ханинг во 1988 година. Во 1984 година одиграл меч против Јан Тиман. [2]

Сосонко се натпреварувал и на 11 шаховски олимпијади од 1974 до 1984 и од 1986 до 1988 година како претставник на Холандија. При тоа освоил и 2 поединечни медали: злато во Хаифа (1976) и бронза во Ница (1974), а и 2 медала во тимска конкуренција: сребро во Хаифа (1976) и бронза во Солун (1988).

Генадиј Сосонко станал меѓународен мајстор во 1974, а велемајстор во 1976 година.

  1. „холандски шахист“.
  2. „холандското првенство“.