Гвакамоле (шпански: Guacamole) – макало, намаз или салата на основа на авокадо, првично воведено од Ацтеките во денешно Мексико.[1] Покрај употребата во мексиканска кујнамексиканската кујна, тоа станало дел од меѓународната и американската кујна како макало, намаз или состојка за салати.[2][3]

Гвакамоле
Гвакамоле
ВидМексиканска храна
Место на потеклоМексико
Главни состојкиавокадо, морска сол и сок од лимета

Потекло на поимот

уреди
 
Гвакамоле со чипс од тортилји

Името доаѓа од ацтечкиот дијалект преку јазикот нахуатл āhuacamolli, што буквално значи "авокадов сос" од āhuacatl[4] ("avocado") + molli ("сос").[1]

Историја

уреди

Авокадото прво било одгледувано во Јужно Централно Мексико, пред околу 10.000 години.[5][6][7] На почетокот на 1900-тите години, за авокадото често се користело името алигаторска круша.[8]

Гвакамолето ја зголемило продажбата на авокадо во САД, особено на денот на супербоул и Синко де мајо.[9] Зголемената потрошувачка на гвакамоле најверојатно се должи на укинувањето на забраната за увоз на авокадо во 1990-тите години и растот на латино популацијата во САД.[10]

Состојки

уреди

Макалото гвакамоле традиционално се прави со толчење зрели авокада и морска сол со molcajete y tejolote (аван и толчник).[11][12] Во рецептите често се вклучени сок од лимета, коријандер и халапењо. Во некои нетрадиционални рецепти вклучени се кисела павлака, домати, босилек, или грашок.[13]

Поради присуството на полифенол оксидаза во клетките на авокадото, изложеноста на кислород во воздухот предизвикува ензимска реакција и развива меланоидински пигмент, правејќи го сосот кафеав.[14] Овој резултат генерално се смета за лош (ја намалува привлечноста), па има неколку методи (некои анегдотски) кои се користат за да се намали овој ефект, како што е складирање на гвакамолето во сад што не пропушта воздух или цврсто да се завитка во пластика за да се ограничи површината изложена на воздух.[15]

Состав и хранлива вредност

уреди
Авокадо, сурово
Хранлива вредност на 100 g
Енергија670 kJ (160 kcal)
8,53 g
Скроб0,11 g
Шеќери 0,66 g
0
Влакна6,7 g
14.66 g
Заситени2,126 g
Транс0
Мононезаситени9,8 g
Полинезаситени1.816 g
2,00 g
Витамини
Витамин А (екв.)
(1 %)
7 μг
(1 %)
62 μг
271 μг
Витамин А146 МЕ
Тиамин 1)
(6 %)
0,067 мг
Рибофлавин 2)
(11 %)
0,130 мг
Ниацин 3)
(12 %)
1,738 мг
Пантот. кис. 5)
(28 %)
1,389 мг
Витамин Б6
(20 %)
0,257 мг
Фолна кис. 9)
(20 %)
81 μг
Холин
(3 %)
14,2 мг
Витамин Ц
(12 %)
10,0 мг
Витамин Е
(14 %)
2,07 мг
Витамин К
(20 %)
21 мг
Минерали
Калциум
(1 %)
12 мг
Железо
(4 %)
0,55 мг
Магнезиум
(8 %)
29 мг
Фосфор
(7 %)
52 мг
Калиум
(10 %)
485 мг
Натриум
(0 %)
7 мг
Цинк
(7 %)
0,64 мг
Други состојки
Вода73,23
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Бидејќи главната состојка на гвакамолето е суровото авокадо, хранливата вредност на јадењето произлегува од витамините, минералите и мастите на авокадото, обезбедувајќи прехранбени влакна, неколку Б витамини, витамин К, витамин Е и калиум во значителна количина. Авокадото е извор на заситени масти, мононезаситени масти и фитостероли, како што е бета-ситостерол.[16][17] Тие исто така содржат каротиноиди, како што се бета-каротин, зеаксантин и лутеин.[18]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Zeldes, Leah A. (November 4, 2009). „Eat this! Guacamole, a singing sauce, on its day“. Dining Chicago. Chicago's Restaurant & Entertainment Guide, Inc. Архивирано од изворникот на 23 март 2010. Посетено на November 5, 2009.
  2. Beard, James; Bittman, Mark (September 4, 2007). Beard on Food: The Best Recipes and Kitchen Wisdom from the Dean of American Cooking. Bloomsbury Publishing USA. стр. 86–87. ISBN 978-1-59691-446-9. Посетено на March 14, 2012.
  3. Smith, Andrew F. (May 1, 2007). The Oxford companion to American food and drink. Oxford University Press. стр. 144–146. ISBN 978-0-19-530796-2. Посетено на March 14, 2012.
  4. „How to Pronounce "Guacamole" in Spanish“. ThoughtCo. Посетено на August 20, 2018.
  5. „What's in a name?“. University of California. Посетено на March 27, 2016.
  6. Chen, H.; Morrell, P. L.; Ashworth, V. E. T. M.; de la Cruz, M.; Clegg, M. T. (2008). „Tracing the Geographic Origins of Major Avocado Cultivars“. Journal of Heredity. 100 (1): 56–65. doi:10.1093/jhered/esn068. PMID 18779226.
  7. Galindo-Tovar, María Elena; Arzate-Fernández, Amaury M.; Ogata-Aguilar, Nisao & Landero-Torres, Ivonne (2007). „The avocado (Persea americana, Lauraceae) crop in Mesoamerica: 10,000 years of history“ (PDF). Harvard Papers in Botany. 12 (2): 325–334, page 325. doi:10.3100/1043-4534(2007)12[325:TAPALC]2.0.CO;2. JSTOR 41761865. Архивирано (PDF) од изворникот October 10, 2015.
  8. Morton JF (1987). Avocado; In: Fruits of Warm Climates. Creative Resource Systems, Inc., Winterville, NC and Center for New Crops & Plant Products, Department of Horticulture and Landscape Architecture, Purdue University, West Lafayette, IN. стр. 91–102. ISBN 978-0-9610184-1-2.
  9. Charles, Jeffrey (2002). „8. Searching for gold in Guacamole: California growers market the avocado, 1910–1994“. Во Belasco, Warren; Scranton, Philip (уред.). Food nations: selling taste in consumer societies. Routledge. стр. 131–154. ISBN 978-0-415-93077-2. Посетено на September 20, 2011.
  10. Khazan, Olga (2015-01-31). „The Selling of the Avocado“. The Atlantic. Посетено на September 28, 2016.
  11. „The best guacamole recipe“. Business Insider. Посетено на 21 August 2018.
  12. Eats, Serious. „The Best Guacamole (and the Science of Avocados) | The Food Lab“. www.seriouseats.com (англиски). Посетено на 21 August 2018.
  13. „Green Pea Guacamole“. The New York Times. Посетено на October 16, 2016.
  14. Hartel, 2009, p. 43
  15. „National Guacamole Day :: Fresh Avocado“. avocadocentral.com. Архивирано од изворникот на 2017-05-17.
  16. „Avocados, raw, all commercial varieties, per 100 grams“. NutritionData.com. 2013. Посетено на April 17, 2013.
  17. „Avocados: Health Benefits, Nutritional Information“. MNT. Посетено на January 12, 2016.
  18. Dreher ML; Davenport AJ (2013). „Hass avocado composition and potential health effects“. Crit Rev Food Sci Nutr. 53 (7): 738–50. doi:10.1080/10408398.2011.556759. PMC 3664913. PMID 23638933.

Надворешни врски

уреди