Габриел Барбоса Алмеида

Габриел Барбоса Алмеида (роден на 30 август 1996, во Сао Бернардо до Кампо), познат како Габигол или само како Габриел, е бразилски фудбалер, напаѓач на Сантос.

Бразил Габриел
Лични податоци
Полно име Габриел Барбоса Алмеида
Роден на 30 август 1996(1996-08-30)(28 г.)
Роден во Сао Бернардо до Кампо, Бразил
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сантос Сантос
Број 10
Младинска кариера
Сантос Сантос
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2016 Сантос Сантос 83 (24)
2016- Интер Интер 9 (1)
2017-2018Бенфика Бенфика 1 (0)
2018-Сантос Сантос 4 (4)
Репрезентација
2011 Бразил Бразил 15 4 (3)
2013 Бразил Бразил 17 5 (3)
2014 Бразил Бразил 20 13 (4)
2015- Бразил Бразил 23 11 (8)
2016- Бразил Бразил 4 (2)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Технички одлики

уреди

Деснак со тенденција почесто да ја користи левата нога, но нема потешкотии да игра и да ја контролира топката со десна како и да ги проигрува своите соиграчи. Во споредба со својот сонародник Нејмар, Габриел Барбоса е повеќе класичен шпиц, но тоа исто така може да игра и како втор напаѓач. Има одличен дриблинг и е вистински грабливец во воздухот. Опремен со силен и прецизен шут, станува многу непредвидлив, одлики кои го прават тип на играч сличен на Серхио Агуеро, наместо на неговиот идол Нејмар, во однос на кој има помалку брзина но повеќе физичка сила и поголема способност да биде класичен напаѓач.

Клупска кариера

уреди

Сантос

уреди
 
Габриел во дресот на Сантос.

Роден во Сао Бернардо до Кампо, Саун Пауло, Габриел започнал да игра фудбал приклучувајќи му се на младинскиот сектор на Сантос во 2004, на возраст од 8 години.[1] На 25 септември 2012, тој го потпишал првиот професионален договор со клубот, во кој била вклучена клаузула (за евентуално заминување) од 50 милиони евра.[2] Габриел го направил своето деби за првиот тим на 17 јануари следната година, во пријателски натпревар против Гремио Баруери.[3]

На 26 мај 2013, Габриел го направил своето деби во лигата, на возраст од само 16 години, во ремито 0–0 против Фламенго.[4] Својот прв професионален гол го постигнал на 22 август, единствениот во натпреварот за победа над Гремио, во Купот на Бразил.

На 1 февруари 2014, Габриел постигнал два гола во победата на Сантос со 5–1 над Ботафого, во Кампеонато Паулиста првенството.[5] Тој го завршил првенството со седум гола, а Сантос го освоил второто место.

Својот прв гол во Бразилската Серија А Габриел го постигнал на 20 април 2014, во ремито 1–1 на домашен терен против Спорт Ресифе.[6] На 23 септември тој потпишал нов пет-годишен договор,[7] и ја завршил сезоната со вкупно 21 гол (8 во Серија А, 7 во Кампеонато Паулиста и 6 во Купот н Бразил).

Откако сезоната 2015 ја започнал на клупата, Габриел станал стартер по заминувањето од клубот на Робињо. Тој постигнал 10 гола во Серија А, и бил најдобар стрелец во Купот на Бразил со осум гола.

Интер

уреди

На 30 август 2016 година, се преселил во ШИнтер за околу 30 милиони евра.[8] Сепак, од причини поврзани со финансискиот фер плеј, клубот од Милано бил принуден да го исклучи од списокот на играчи кои можат да се користат во Лигата на Европа за сезоната 2016-2017.[9] На 25 септември го направил своето деби во Серија А, за време на натпреварот против Болоња.[10] Против истиот противник, во вториот дел од сезоната тој го постигнал својот прв и единствен гол за Интер, во победата со 1-0 на Дал'Ара.[11]

За време на сезоната тој речиси никогаш не бил во преден план кај ниту еден од тројцата тренери, Де Бур, Пиоли и Веки, кои му дале можност на теренот да истрча само во 10 наврати и на кои постигнал еден гол.

Бенфика

уреди

На 31 август 2017, Габриел и се приклучил на екипата на Бенфика на заем до крајот на сезоната.[12] На 12 септември тој го направил своето деби за клубот дебитирајќи воедно и во Лигата на шампионите во натпреварот против ЦСКА Москва, заменувајќи го Алекс Грималдо во 77-та минута.[13]

Репрезентативна кариера

уреди

Габриел е поранешен репрезентативец на Бразил во селекциите до 15 и до 17 години.

Во моментов настапува за репрезентацијата до 20 години, а има и 4 настапи за Олимписката репрезентација (до 23 години).

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 29 мај 2016, во победата со 2-0 над Панама, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 64-тата минута на местото на Жонас, а подоцна во натпреварот го постигнал вториот гол за Бразил.

Наводи

уреди
  1. „With 16 years old, Gabigol worths R$ 131 millions and is Santos's wonderkid“ (португалски). O Estado de S. Paulo. 9 April 2013. Посетено на 26 May 2013.
  2. „Santos signs with Gabriel, 16 years old, and puts a R$ 130 million buyout clause“ (португалски). O Estado de S. Paulo. 29 September 2012. Посетено на 26 May 2013.
  3. „Muricy promotes Gabigol's debut, but ask for calmness for wonderkid“ (португалски). Gazeta Esportiva. 17 January 2013. Посетено на 26 May 2013.
  4. „Neymar cries, but does not shine, and Santos draws by 0–0 with Fla“ (португалски). Globo Esporte. 26 May 2013. Посетено на 26 May 2013.
  5. „Santos puts on a show in Vila again, thrashes Botafogo and surpasses 12 thousand goals“ (португалски). Globo Esporte. 1 February 2014. Посетено на 19 January 2015.
  6. „Santos draws in a controversial play with Sport at Vila Belmiro: 1–1“ (португалски). Globo Esporte. 20 April 2014. Посетено на 19 January 2015.
  7. „Gabriel renews with Santos until September 2019“ (португалски). Santos' official website. 23 September 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-14. Посетено на 19 January 2015.
  8. „Inter, Gabigol è ora ufficiale. "Sarà con noi fino al 2021". 30 август 2016.
  9. Luca Taidelli (1 септември 2016). „Inter, Europa League senza Gabigol, Joao Mario, Kondogbia e Jovetic“.
  10. Diego Costa (25 септември 2016). „Inter-Bologna 1-1: Perisic risponde a Destro, il pari fa sorridere solo Donadoni“.
  11. Luca Taidelli (19 февруари 2017). „Bologna-Inter 0-1, Gabigol entra e segna“.
  12. Fernandes Garcia, Filipa (31 August 2017). „Gabigol no Benfica por uma temporada“ [Gabigol at Benfica for one season]. S.L. Benfica (португалски). Посетено на 31 August 2017.
  13. „Benfica vs. CSKA Moskva - 12 September 2017 - Soccerway“. uk.soccerway.com (англиски). Посетено на 2017-09-17.

Надворешни врски

уреди