Габавци

поранешно село во Охридско

Габавци — историско село во Охридско, близу градот Охрид.

Габавци
Габавци во рамките на Македонија
Габавци
Местоположба на Габавци во Македонија
Габавци на карта

Карта

Координати 41°07′55″N 20°46′22″E / 41.13194° СГШ; 20.77278° ИГД / 41.13194; 20.77278
Регион Југозападен
Општина Охрид
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 695 м
Габавци на општинската карта

Атарот на Габавци во рамките на општината
Габавци на Ризницата

Географија

уреди

Селото се наоѓало северозападно од Охрид, на Габавскиот Рид, на патот кон Струга, денес во атарот на Долно Лакочереј. Месноста и денес да се нарекува Габавци.[2]

Историја

уреди

Во 1974-1975 г. при изградбата на новиот пат Скопје - Кичево - Охрид, крај Габавци се откриени доцноантички и средновековни наоди,[3] како дел од поголемата античка населба Хермелеjа.

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Габавци (Gabavtzi) имало 6 домаќинства со 23 жители Македонци, а Долно Габавци (Dolno gabavtzi) имало 5 домаќинства и 21 жител, Македонци.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 30 жители, сите Македонци.[4][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Габавци е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 4 куќи.[7]

На почетокот на XX век целото население на Габавци потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 32 Македонци, христијани.[4][8]

Селото почнало да се напушта по Илинденското востание.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Станковска, Љубица (2009). „Етимологиjата на имењата на раселените села од Охридско“. Македонистика. 10: 135–136.
  3. „Општина Охрид — Археологија“. Архивирано од изворникот на 2010-12-28. Посетено на 2017-12-18.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 252.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 162-163.

Надворешни врски

уреди