Војислав Богиќевиќ
Војислав Богиќевиќ — српски историчар, член на револуционерната организација Млада Босна.
Војислав Богиќевиќ | |
---|---|
Роден(а) | Прњавор, австриско-окупирана Босна и Херцеговина, |
Починал(а) | 31 декември 1981 година Сараево, Југославија, Босна и Херцеговина |
Животопис
уредиРоден е на 17 април во 1896 година, во Прњавор. Уште како гимназијалец ѝ пристапил на национално револуционарната организација Млада Босна и бил нејзин верен член.[1] По завршувањето на војната и излегувањето од затворот, завршил учителско училиште, а потоа Филозофски факултет во Белград. Помеѓу двете војни најдолго се задржал на должностa управител на ученичкиот дом во Тузла.
Бил и член на главниот одбор на Просвјета и нејзин голем активист. Неуморно работел на популаризација на книгата преку библиотеката на Просвјета и на различни конкретни акции за описменување на населението. Како резервен офицер на Југословенска војска и како Србин бил заробен и интерниран во логор во Германија. Поради илегалната работата во офицерскиот логор бил преместен во концентрационен логор од кој се вратил по ослободувањето на земјата.
Некое време работел како професор во средните училишта во Тузла, а потоа бил преместен во Сараево каде работел како предавач на Вишото педагошко училиште. Кусо време бил во Музејот на град Сараево а потоа подолго време управител на Архивот на републиката БиХ. Неговиот истражувачки интерес бил историја на Босна и Херцеговина во XIX и XX век. Посебно го привлекувала темата поврзана со Сараевскиот атентат и периодот на окупација под Австроунгарската власт во Босна и Херцеговина.
Починал на 31 декември 1981 година, во Сараево.
Поважни дела
уредиАвтор е на повеќе дела од областа на историја, меѓу кои се издвојуваат:
- Коко во Босна била укината работа и воведена третина 1848 година - Како је у Босни укинута работа и уведена трећина 1848. године, 1950.
- Состојба на народот во Босна и Херцеговина пред востанието 1875 - 1848 - Стање раје у Босни и Херцеговини пред устанак 1875 — 1878, 1950.
- Почеток на востанието на Лука Вукаловиќ 1852 - 1853 - Почетак устанка Луке Вукаловића (1852 — 1853), 1952.
- Атентат на Богдан Жероевиќ 1919 - Атентан Богдана Жерајића 1910, 1954.
- Аферата Барут мириса 1908 - Афера Барут мирише 1908, 1966.
- ↑ Логос, Александар А. (2016). Историја Срба, 2. измењено издање. Београд. ISBN 978-86-85117-31-2.