Влашка

(Пренасочено од Влашко)

Влашка или Влашко (романски: Tara romaneasca или Valahia) — историски и географски регион во Романија. Таа се наоѓа на север од Дунав и јужно од Јужните Карпати. Понекогаш е нарекувана Мунтенија или во превод Голема Влашка, додека пак постои и друга наречена Олтенија или Мала Влашка.

Кнежевство Влашка
Цѣра Рȣмѫнѣскъ
Землѧ Ѹгровлахїиска
1330–1859
Flag of Влашка
Flag
Coat of arms of Влашка
Coat of arms
Влашка во XIV век
Влашка во XIV век
Статусвазал на Отоманското Царство(1417–1859)
(под руско влијание 1774–1856)
Главен градКимпулунг, Курта де Арџеш (1317-1418)
Трговиште (1418-1659)[1]
Букурешт (from 1659)
Говорени јазициромански, црковнословенски
Вероисповед
православие
Уредувањемонархија
Кнез 
• 1310–52
Басараб I (прв)
• 1859–62
Александар Јован Куза (последен)
Историја 
• обединување
1330
• отомански суверенитет
1417[2]
1593–1621
• Договори:
    - Ќучук Кајнарџа

    - Едрене

21 јули  [ст. ст. 10 July] 1774
14 септември  [ст. ст. 2 September] 1829
1834–1835
5 февруари [ст. ст. 24 јануари] 1859 1859
Наследници
Обединето кнежевство Влашка и Молдавија

Историја

уреди
 
Влад Цепеш, војвода на Влашко

Од 1330 година Влашка станала самостојно кнежевство. Еден од нејзините деспоти бил Влад III Цепеш (1431-1476), подобро познат како грофот Дракула. По долгиот отпор, кон крајот на XV век Влашка целосно станала зависна од Османлиите. По Битката кај Ровиње во 1395 година, Влашка станала вазална земја на Османлиите, а во времето на Мирче Стариот била обврзана да плаќа првично данок а подоцна самиот влашки кнез бил поставуван од османлискиот султан.

Влашка никогаш не станала дел од турски санџак за разлика од другите освоени територии кај Дунав. Од 1716 година Високата порта започнала да назначува за управители на областа Грци - фанариоти, со што се зголемило влијанието на Фенар и незадоволство кај влашкото население. Управувањето на фанариотите престанало во 1821 година кога избувнало востание на чело со Тудор Владимиреску. Истата година Стефан Богориди бил назначен за кнез на Влашка од страна на султанот.

Во 1831 година бил донесен статут на Влашка, а во 1859 година заедно со Молдавија било објавено создавањето на Обединетото кнежевство Влашко и Молдавија на чело со Александар Јован Куза. На 24 декември 1861 година Александар Куза ја прогласил независноста на новата држава Романија, но Романија својата независност ја добила по крајот на Руско-турската војна во 1877 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Romania & Moldova
  2. Giurescu, Istoria Românilor, p.481