Владо Гаџев

(Пренасочено од Владо Гаџов)

Владо Ѓорѓиев Гаџев ( 1920 во Кратово6 април 1944во Штип) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Владо Гаџев
Роден 1920 година
Кратово, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 6 април, 1944 година
Штип, Македонија
Стрелан од Бугарските фашисти.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнува од сиромашно семејство. Основното и граѓанското училиште со успех ги завршил во Кратово. Како добар ученик бил примен на Воено-техничкиот завод во Крагуевац. Заводот и Крагуевац биле средина богата со напредни ученици и работници, па така ѝ тој се изградил идејно-политички. За член на СКОЈ бил примен 1937 година, а 1938 година по завршувањето на училиштето, останал да работи таму како дреар. Во 1940 година бил примен во редовите на КПЈ. По капитулацијата на Кралство Југославија во 1941 година, се вратил во Кратово каде се поврзал со Јове Гичев Михајловски и почнал да работи за формирање партиска организација во Кратово и Кратовско. При крајот на 1941 година добил задача со уште двајца другари да се вработи во рудникот во Пробиштип и меѓу работниците да организира партиска ќелија. Поставената задача била извршена со успех. Владо организирал и учествувал во многу акции, растурање летоци, собирање црвена помош, штрајкови, саботажи и слично, а како стручњак го поправал и одржувал оружјето со кое располагала организацијата. Последна задача му била организирање на приредба во Пробиштип, во очекувањето го претстојниот напад од партизанските единици на Добрево и Пробиштип.[1] Бугарскиот окупатор ја открил намерата на оваа група активисти и истата ноќ Владо со другите другари на приредбата биле затворени и пренесени во штипскиот затвор, каде се ѕверски измачувани од бугарскиот окупатор. На 6 април 1944 година Владо со уште 11 другари и другарки е стрелан на десниот брег на реката Брегалница во близина на Штип.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 34.
  2. „Германска бомба го ранила, германски лекар го излекувал по авиобомбардирањето на Штип на 6 април 1941“. ММС. 2019-04-06. Архивирано од изворникот на 2021-08-06.