Масакр во Штип
Масакр во Штип ― масакр извршен во близина на Штип, на 6 април, 1944 година, од страна на Бугарскиот окупатор, со стрелање на 12 партизани, патриоти, младинци и рудари од регионот на злетовско-пробиштипскиот и во кратовскиот крај.[1]
Масакрот се случил по нападот на рудниците за олово и цинк во Злетово и Пробиштип од страна на Треттата македонска ударна бригада, на 3 април 1944 година. Во знак на одмазда, бугарската полиција извршила претрес низ куќи и при тоа уапсила голем број младинци, патриоти и рудари од самите рудници. Неколку дена биле подложени на ѕверско малтретирање и тепање во дворот на штипската касарна, а пред очите на работниците во фабриката за цигари која се наоќала веднаш до неа.[1][2] Меѓу жртвите имало три жени и двајца странски државјани кои работеле во самите рудници.[1]
Стрелани биле вкупно 12-мина:
- Царка Андреевска од Кратово
- Владо Гаџев од Кратово
- Андреја Андоновски од Куманово
- Нада Михајловска од Куманово
- Ванчо Спасов од Кочани
- Мирослав Барага од Постојна, Словенија
- Вера Пазаванска од Кратово
- Цветко Тонев од Кратово
- Богдан Андоновски од Војник, Кумановско
- Драган Сибиновиќ од Малотино, Кумановско
- Владо Стојановски од Цветишница, Кумановско
- Томо Буиќ од Сињ, Хрватска
На истата локација на 29 јули се стрелани ѝ:
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Германска бомба го ранила, германски лекар го излекувал по авиобомбардирањето на Штип на 6 април 1941“. ММС. 2019-04-06. Архивирано од изворникот на 2021-08-06.
- ↑ Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 29–30.