Вилија (село)
Вилија или Вилја (грчки: Οροπέδιο) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 110 жители
Вилија Οροπέδιο | |
---|---|
Координати: 40°07′N 21°19′E / 40.117° СГШ; 21.317° ИГДКоординати: 40°07′N 21°19′E / 40.117° СГШ; 21.317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најм. вис. | 850 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 110 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51100 |
Повик. бр. | 24620 |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на 14 километри северозападно од градот Гребен. Атарот на селото зафаќа површина од 17 км2.
ИсторијаУреди
За време на Османлиското ЦарствоУреди
Кон крајот на XIX век Вилија е христијанско грчко село во северниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Вилија има 130 Грци христијани[2]
Главната селска црква „Свети Архангели“ датира од 1864 година.
Во ГрцијаУреди
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Вилија станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е сменето во Оропедио.
ДемографијаУреди
ПописиУреди
Движењето на населениото по години е следното[3]:
- 1913 - 399 жители
- 1920 - 388 жители
- 1928 - 409 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 486 | 430 | 415 | 274 | 293 | 217 | 189 | 110 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 110.