Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Хелсинки — главен и најголем град во Финска. Се наоѓа во регионот Усима, сместен во јужниот дел на Финска, на брегот на Финскиот Залив, дел од Балтичкото Море. Хелсинки има 616.042 жители во самиот град, додека во пошироката област живеат 1.176.976 жители (31 декември 2012 г.) и метрополитенско население од 1,4 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во Финска. Хелсинки се наоѓа на 80 километри северно од Талин, Естонија, 400 километри североисточно од Стокхолм, Шведска и 300 километри западно од Санкт Петербург, Русија. Хелсинки имал слична историја со овие три града и е многу поврзан со нив.
Метрополитенската област на Хелсинки го вклучува урбаното јадро на Хелсинки, Еспо, Ванта, Каунијаинен и околните градови. Претставува најсеверната метрополитенска област со над еден милион жители во светот, а Хелсинки е најсеверниот главен град на земја членка на Европската Унија. По Копенхаген и Стокхолм, тој е третиот најголем град во нордиските земји.
Хелсинки е главен политички, образовен, финансиски, културен и истражувачки центар на Финска, како и еден од поголемите градови во северна Европа. Околу 70% од странските претпријатија во Финска имаат седиште во областа Хелсинки. Во соседниот град Ванта се наоѓа Хелсиншкиот аеродром, со чести врски до различни одредишта во Европа и Азија.
Во истражување на списанието „Економист“ во август 2012 година за најдобрите и најлошите градови за живеење, Хелсинки го зазел осмото место. Во 2011 година, списанието Monocle го сместил Хелсинки за најдобар град за живеење во светот според неговиот индекс на градови. (Дознајте повеќе...)
Статијата е добра, со една забелешка: Изразот „Метрополитенска област“ би требало некако да се преведе. Всушност, се мисли на територијална единица од типот на Град Скопје. Во тој поглед, можеби би било наместо „Метрополитенка област“ да се стави нешто во стилот: „Областа на Градот Хелсинки“ или „Градската област Хелсинки“. --ГП
--Ehrlich91 (разговор) 19:44, 12 февруари 2016 (CET) Статијата буквално ја создадов од нула и е главно превод на англиската, но мислам дека сосема задолително за наши услови. Професоре, мислам дека поимот метрополитенска област не може да се преведе поинаку, зашто баш и е територијална единица, туку е повеќе поим кој ги опишува градот и неговата околина, во која понекогаш влегуваат и други градови. Во наши услови, баш и немаме таква област, но би било нешто повеќе како Скопскиот Регион. --Ehrlich91 (разговор) 19:44, 12 февруари 2016 (CET)[одговори]
П. Неделковски 11:12, 13 февруари 2016 (CET) Изведена придавка од „метропола“ би била „метрополски“ (metropolitan - Of, or pertaining to, a metropolis or other large urban settlement.), па метрополитенски би требало да се замени со метрополски. Според мене може да се оди и со веќе усвоени поими, па би имале подрачје на градот Хелсинки, урбано подрачје Хелсинки (Хелсинки, Еспо, Ванта, Каунијаинен), област Хелсинки (метрополската област).