Википедија:Кандидати за избрана статија/Термопилска битка
Гласање за избрана статија
уредиВажно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија. |
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена.
Одлуката за прогласување на „избрана статија“ се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, а вкупниот број на гласови „За“ да изнесува најмалку три.
Информации
уредиСтатијата е предложена за дискусија во 15:30, 4 јануари 2018 (CET).
- Нова содржина - Виолетова (разговор) 15:34, 4 јануари 2018 (CET)[одговори]
Извадок
уредиТермопилска битка — битка којашто се водела меѓу сојузот на грчките градови-држави, предводени од кралот Леонид I на Спарта, и Персиската Империја на Ксеркс I во текот на три дена, за време на втората персиска инвазија на Грција. Битката се одвивала кај Термопили во централна Грција, во август 480 година п.н.е. Грците биле бројно многу послаби, но успеале да ги задржат Персијците три дена, со што добиле доволно време за евакуација на Атина и подготвување на посилна армија. Војниците под водство на спартанскиот крал Леонид го блокирале единствениот пат по кој војската на Ксеркс I можела да помине. По освојувањето на Термопилите, Персијците биле во можност да ја контролираат областа до Коринт, а посебно им овозможило да ја нападнат Атина. Иако победиле, Персијците претрпеле губитоци. Оваа битка е дел од Грчко-персиските војни. (Дознајте повеќе...)
Како лектор по македонски јазик можам да кажам дека зборот „Термопили“ често се користи во членувана форма кога се споменува оваа битка, а бидејќи македонскиот јазик е описен, правилно е „Битка на Термопилите“ или „Битката на Термопилите“, наместо Термопилска битка (за кој израз гугл дава само српски сајтови, бидејќи тоа е српска форма на изразување). - Виолетова (разговор) 13:08, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Што се однесува до зборовите империја и царство, можам само да нагласам дека постои разлика во значењето, а и двата збора се во употреба, во зависност од контекстот, додека списокот на наводи е преземен од англиската статија, која е прогласена за „добра“. Поздрав - Виолетова (разговор) 13:18, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Проблемот со членувањето на поимот „Термопили“ е тоа што неговата употреба делува збунувачки и остава впечаток дека се работи за битка на некакви Термопили. Точно е дека македонскиот јазик е описен и затоа е посоодветно да се користат придавки наместо предлози. Придавките се описни зборови на именките, додека предлозите се зборови кои покажуваат однос меѓу именките. Сепак, насловот на статијата и правилната употреба на поимите оставам да се разговара на разговорната страница на статијата. Во врска со наводите, можеби се преземени од Википедија на англиски јазик, но во тамошната статија на крајот има посебен дел каде што се наведени целосни цитати на наводите со кои се потвдува веродостојноста на статијата. Тој дел го нема во оваа статија. Мислам дека статијата е убаво започната и со дополнителна доработка може да се доведе на рамниште да ги исполнува критериумите за „избрана“.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:28, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Можеби некому му звучи посоодветно, но не е во духот на македонскиот јазик. Тоа се српски форми, кои во македонскиот јазик не се во редовна употреба. За наводите, ако мислиш на „Библиографија“, се согласувам дека треба да се додаде. Поздрав - Виолетова (разговор) 16:18, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Проблемот со членувањето на поимот „Термопили“ е тоа што неговата употреба делува збунувачки и остава впечаток дека се работи за битка на некакви Термопили. Точно е дека македонскиот јазик е описен и затоа е посоодветно да се користат придавки наместо предлози. Придавките се описни зборови на именките, додека предлозите се зборови кои покажуваат однос меѓу именките. Сепак, насловот на статијата и правилната употреба на поимите оставам да се разговара на разговорната страница на статијата. Во врска со наводите, можеби се преземени од Википедија на англиски јазик, но во тамошната статија на крајот има посебен дел каде што се наведени целосни цитати на наводите со кои се потвдува веродостојноста на статијата. Тој дел го нема во оваа статија. Мислам дека статијата е убаво започната и со дополнителна доработка може да се доведе на рамниште да ги исполнува критериумите за „избрана“.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:28, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Што се однесува до зборовите империја и царство, можам само да нагласам дека постои разлика во значењето, а и двата збора се во употреба, во зависност од контекстот, додека списокот на наводи е преземен од англиската статија, која е прогласена за „добра“. Поздрав - Виолетова (разговор) 13:18, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Не е во духот и да се бугаризира брутално јазикот со ставање на „на“ како на пример Закон на Њутн, правилно е Њутнов закон итн, затоа да се држиме до правилото наведено од Кирил--Инокентиј (разговор) 16:56, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Не е тоа бугаризирање, македонскиот јазик е таков и такви му се правилата, не е „вујковата куќа“ туку „куќата на вујкото“, и бројни други примери можам да наведам. Ве молам, не бришете ги пренасочувањата, бидејќи „правилото наведено од Кирил“ не е прифатено правило. - Виолетова (разговор) 17:14, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Во врска со правилната употреба на предлогот „на“ и наставките „-ов“, „-ски“ и „-ин“ за изразување присвојност доста добар труд има објавено професорката Лилјана Митковска и истиот може да се најде тука. Нема да навлегувам подлабоко затоа што на дискусија за насловот на статијата и употребата на јазичните форми не ѝ е местото тука и истата треба да се води на разговорната страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:52, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Не е тоа бугаризирање, македонскиот јазик е таков и такви му се правилата, не е „вујковата куќа“ туку „куќата на вујкото“, и бројни други примери можам да наведам. Ве молам, не бришете ги пренасочувањата, бидејќи „правилото наведено од Кирил“ не е прифатено правило. - Виолетова (разговор) 17:14, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- А да се преслушавте што зборите? Кое бугаризирање? Треба основите на македонскиот јазик да ги предаваме на Википедија? Сериозно немав намера да се мешам во оваа тема, но од глупостиве не можев да издржам. Статијата е многу добра, е сега ако заедницата смета дека не е за избрана никому ништо. Давајте соодветни коментари или пак подобрете ја за да биде избрана, а не да се критикува и напаѓа некој тука. --Никола Стоіаноски 19:12, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
(3/4/0); Закажано да заврши во 15:30 ч. на 11 јануари 2018 г. (CET)
За
уреди- --Виолетова (разговор) 15:34, 4 јануари 2018 (CET)[одговори]
- --Никола Стоіаноски 15:38, 4 јануари 2018 (CET)[одговори]
- --Рашо 17:56, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
Против
уреди- --Ehrlich91 (разговор) 18:38, 4 јануари 2018 (CET) Статијата дефинитивно треба да се прогласи како „добра“, бидејќи е навистина солидна. Сепак, статијата не можеме да ја вброиме во најдобрите, бидејќи има голема можност за дополнување на истата и досредување на самата статија. Со нејзино проширување, прв гласам за „избрана“, но во моментов не е за тоа.--Ehrlich91 (разговор) 18:38, 4 јануари 2018 (CET)[одговори]
- --Инокентиј (разговор) 20:19, 4 јануари 2018 (CET)Јазично несоодветна статија со многу граматички и јазични грешки треба да гласи Термопилска битка, сегде треба да биде Термопили зашто не е правилно да се членува место, тоа е како да пишуваме Скопјето, империја треба да се замени со царство секаде во статијата има места каде Владетелот се назначува како владетел на место (Леонид I на Спарта), наместо по местото или државата треба да биде Спартанскиот крал Леонид I, Персиски, итн, исто така пророкот на Делфи е Делфиската пророчица, жени биле пророците. Има и доста други неправилности како лаички така и од граматички вид. Сè додека не се поправат и статијата не се среди и прошири јас сум против да биде избрана.[одговори]
- --Kiril Simeonovski (разговор) 20:21, 4 јануари 2018 (CET) Освен обемноста на статијата којашто може да биде значително подобрена, статијата содржи неколку недопустливи јазични и технички грешки. Насловот на статијата е несоодветен и укажува дека битката се водела меѓу некакви термопили, а не дека тоа е местото каде што истата се војувала. Притоа, „Термопили“ како географско место претставува сопствена именка и како таква не може да биде членувана. Според тоа, насловот на статијата би требало да биде „Термопилска битка“, но оставам ова да се разговара на разговорната страница. Списокот на наводи на крајот на статијата содржи само имиња на авторите без притоа во статијата да има дел каде што се цитирани делата со кои се потврдува веродостојноста.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:21, 4 јануари 2018 (CET)[одговори]
- --Ivan Zivkovik (Иван Ж (разговор) 18:03, 5 јануари 2018 (CET)) Статијата е добра, но не може да се вброи за најдобра, бидејќи има потреба од нејзино надополнување, како и вклучување на поголем број на факти, за да не се доведеме до лаички информации. (Иван Ж (разговор) 18:06, 5 јануари 2018 (CET))[одговори]
- Кои лаички информации? Ајде наведи те молам? Најсетне ова е апла тролување на Споделено знаење.(„како први така други“) --Рашо 18:23, 5 јануари 2018 (CET
- Прво не те познавам кој си, а второ не знам како си дозволуваш, да ми реплицираш? трето прочитај ја убаво статијата, и ако имаш грам осет за „квалитет“ оцени дали е најдобра. И не ме доведувај во ситуација тука со тебе да се објаснувам, како што гледам немаш друга работа(Иван Ж (разговор) 18:48, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Подобро и да не ме познаваш. А кој фактор си ти па јас да си дозволам нешто дали да ти реплицирам? Не си достоен ти мене ни да ми се обраќаш. А дали имам јас тука друга работа, тебе тоа не те тангира.--Рашо 18:57, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Па ти ми се обраќаш, не јас тебе :D :D :D (Иван Ж (разговор) 19:03, 5 јануари 2018 (CET))[одговори]
- Иди учи википедија...Ќе ти треба--Рашо 19:07, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]
- Се разбира, човек учи додека е жив. Ќе те замолам да не ми се обраќаш, ако немаш нешто конретно, и да не го спомнуваш Споделено знаење со горенаведените изрази. Доволно е.(Иван Ж (разговор) 19:18, 5 јануари 2018 (CET))[одговори]
- Алоо, луѓе дај малку свестете се... дали е потребен ваков тек на разговорот... Ајде да не се навраќаме назад и да се делиме на две страни, та Споделено знаење или незнам ГЛАМ-овци или Поголеми и Помали википедијанци... Бидејќи според гласањето статијата нема да биде избрана, им предлагам на Рашо и Иван да се воздржат од понатамошни дискусии или напаѓања за тоа кој повеќе знаел или кој повеќе бил достоен... --Тиверополник (разговор) 23:09, 5 јануари 2018 (CET)[одговори]