Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, ривалитетот помеѓу двете супер-сили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и јадрени воени потенцијали, и многу посредни војни.
Иако никогаш не дошло до директен воен судир меѓу двете супер-сили САД и СССР, во текот на половина век постојано се зголемувале воените потенцијали и политичките борби за превласт ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката од останатите земји. Така, во подоцните фази, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете супер-сили. Неколку пати доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна: Блокадата на Берлин (1948-49.), Корејската војна (1950-53.), Виетнамската војна (1959-75.), Кубанската криза со јадрени проектили (1962.) и Советско-Авганистанската војна (1979-89.).
Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите Михаил Горбачов од СССР и Роналд Реган од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата. Повеќе...
Мислам дека содржината на оваа статија не е доволна за на најдобар начин да ја претстави темата. Ова е тема за која треба да има педесетина, а може и повеќе статии како оваа, а не главната статија да биде така кратка. Сите временски периоди се објаснети со неколку реченици, што не е доволно. Читателот може лесно да се збуни, проушѕајќи основни настани кои не се наведени во неа. Исто така, сум против целата подесекција, која зазема голем дел од статијата и се однесува на Македонија во Студената војна. Статијата повеќе наликува на учебник по историја на македнски јазик, во кој нашите „квази“ историчари си ја толкуваат историјата на свој начин. Ова е Википедија на макеоднски јазик, но не на Македонија и мислам дека треба да се трудиме да биде прифатлива и за странците кои го зборуваат или разбираат македонскиот јазик. Оваа секција може да се префрли во посебна статија насловена „Македонија во Студената војна“, а наместо неа статијата да се прошири со подетални информации за причините за Студената војна, односите за време на Втората светска војна, повеќе информации за периодите за време на Студената војна, втората Студена војна, последните години и нејзиното завршување. Мислам дека статијата не е доволно добра за да биде избрана, само поради тоа што темата побарува повеќе.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:26, 17 август 2009 (UTC)
Морам да реагирам на ваквите извитопрувања на историјата не за мене туку за оние што ја учат од ваквите текстови.
Само ќе го коментирам последниопт став:
Дојде до разговори помеѓу таму некои си и ете заврши студената војна, ама небулоза невидена, до крај на студената војна дојде кога едната страна САД успеа да ја порази другата страна предводена од СССР и светот стана униполарен без можност за избор се подели на богати и сиромашни, со многу помалку човекови слободи и права, со помалку човечки-хумани однесувања, каде профитот стана единствениот фетиш. Малку забегав во друга тема но фактите за крај на студената војна се сè уште свежи и денешните генерации можат, се разбира ако сакат да ги согледат реално...
DLM .:::. http://www.makwin.com D L (разговор) 22:26, 19 август 2009 (UTC)
би го упатил последниот дискутант да ја погледа статијата, кајшто го пишува горе-долу истото што го кажал. (делот "крајот на студената војна", да не изгуби време ако ја чита цела...)
заради вакви пациенти како погорниве дискутанти има двајца без тројца луѓе кои пишуваат овде, а и јас ќе му се придружам на мнозинството.