Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Сонот претставува низа слики и чувства во форма на расказ кои се појавуваат за време на спиењето. Содржината и целта на соновите не може целосно да се разбере иако тие биле предмет на интерес низ историјата. Научната дисциплина која се занимава со соновите е позната како онирологија, а толкувањето на сонот се нарекува ониромантија.
Долго време низ историјата соновите биле предмет на претпоставка и извор на инспирација. Низ историјата, луѓето го барале значењето на соновите и се обидувале да гатаат со помош на соновите. Гледано физиолошки, соновите се опишуваат како реакција на неутралните процеси за време на спиењето, гледано психолошки како одраз на потсвеста, а пак гледано духовно, соновите се пораки од Господ или предвидување на иднината. Многу култури практикувале инкубација на соновите, со намера да се обработат соновите што биле претскажувачки или содржеле божествени пораки.
Модерната популарна култура ги сфаќа соновите, како и Фројд, како израз на најдлабоките стравови и желби на сонувачот. Во филмовите како Маѓепсани (од 1945 година) или Манџурскиот кандидат (од 1962 година), протагонистите мора да извлекуваат битни поуки од надреални сонови. (Дознајте повеќе...)
Статијата е релативно добра, секциите се добро подредени, но сепак потребно е да се прошири воведот и да се обаботи содржината внимателно уште еднаш.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:07, 9 мај 2010 (UTC)
Нажалост гледам дека во статијата околу 90 пати е употребена множината „сонови“, што според моите познавања на правописот е погрешно. Овој збор има неправилна множина - „соништа“ или „сништа“. Тоа би требало да се поправи пред да оди за избрана, впрочем што поскоро. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:37, 10 мај 2010 (UTC)
И мене така ми изгледа. Но зависи од видот на множината, во нашиот јазик имаме обична, избројана и збирна множина. Така што „сонови“ е можно да е точно, но не сум сигурен. Како и да е статијава и треба многу работа, рано е за издавање на насловната...
Се надевам дека овие коментари ќе се претворат во практична работа и грешките ќе бидат поправени. Се ангажирам веќе долго во средување на статиите пред да се појават на главната страница за да ги задоволат критериумите, но ете деновиве немам доволно време и не можам да го правам тоа. Се надевам дека ќе има заинтересиран што ќе ме замени.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:43, 10 мај 2010 (UTC)
Горниот коментар е мој, заборавив потпис, толки време и уште не ми влага во навика. Добро нема везе. Туку да, во право си Кирил лесно ни е нас да како некои стручни лица да наредуваме одозгора што како треба а ништо не правиме. Почетокот помагав сега не толку, одамна не сум работел на статија, а не па на ова. Како и да е, јас лично би можел едно две-три за некое време статии да подготвам и да ги кандидирам или пак, да средам некои други.
Самата тема за сонот е доста интересна исто како и содржината на статијата. Но и покрај обемноста, сепак во текстот не може да се најде одговорот на прашањето зошто сонуваме. Јас како автор на сличен напис за сонот (имам и веб страница за тоа веќе неколку години) имам одговорено на тоа прашање. Затоа прашувам, дали е можеби подобро заради споредба, пред да се донесе одлука со гласање и јас да го ставам мојот текст на Википедија.--Ацо Мурадјан (разговор) 10:20, 14 мај 2010 (UTC)Aco Muradjan (разговор) 20:20, 14 мај 2010 (UTC)