Википедија:Избрана статија/2008/05
Јосиф Бродски (24 мај 1940 – 28 јануари 1996), роден како Јосиф Александрович Бродски (руски: Ио́сиф Александрович Бро́дский) е руски поет и есеист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1987 година, венцоносец на Струшките вечери на поезијата четири години подоцна и Поет лауреат на САД во 1991 и 1992 година. Се смета за еден од најголемите поети на дваесеттиот век.
Бродски е роден во еврејско семејство во Ленинград, како син на професионален фотограф вработен во Советската морнарица. Уште додека е дете ја преживува Опсадата на неговиот роден град. Кога полни петнаесет години, Бродски го напишта училиштето и се обидува да влезе во Школата на нуркачите (Школа Подводников), но безуспешно. Потоа оди да работи како машински оператор на една воденица (фрезеровщик) во фабрика. Откако одлучува да стане доктор, се префрла во затворот Крести, каде работи како помошник во мртовечницата. Никогаш не задоволен од работата, неколку пати ќе го менува своето работно место; се вработува во болница, на брод, а дел е и од една геолошка експедиција.