Википедија:ВикиПроект ФИНКИ 2011-12
Поврзано:
|
Проектот ФИНКИ 2011-12 има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на ФИНКИ, со цел работата на студентите подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат студентите. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите.
Цели
уредиРаботата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:
- Создавање на нови квалитетни статии;
- Редизајн на постоечките статии;
- Меѓујазични врски кон статиите на другите јазични изданија на википедија.
Пријавени членови
уредиВо продолжение следи список на Википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим: {{Корисник ФИНКИ}}.
Фази на проектот
уредиПрвата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно со принципите на Википедија.
Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.
Третата фаза на проектот опфаќа изработка на вики-портал поврзан со темите предмет на обработка на овој проект.
Рокот за завршување на обврските на студентите, што ќе придонесат за зголемување на оценката е 15 јануари 2012 (за првата група) / 28 февруари 2012 (за втората група).
Како можете да помогнете?
уредиВклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.
Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.
Список на статии
уредиСледниве статии ќе бидат предмет на обработка во рамките на проектот:
Избор на најдобра статија
уредиПодолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:
- (а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
- (б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
- (в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
- (г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
- (д) да е стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
- (ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
- (е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
- (ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
- (з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
- (ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.
Номинирани статии
уреди- --brest (разговор) 11:05, 15 јануари 2012 (CET)
- Статијата е детална, веродостојна и прецизна, презентира објективност и неутралност. Од сите статии кои се обработуваат во рамките на проектот сметам дека оваа статија најмалку заслужува номинација за најдобра, а верувам дека ќе биде избрана за најдобра. Потребно е да се доработи во смисла на тоа да не се појавуваат црвени врски (врски кон непостоечки статии), на тој начин би се постигнала поширока покриеност на темата за шпионски програми. Недостасува колаборација на членовите од проектниот тим, но затоа пак вики заедницата даде несебична помош околу правилното уредување на статијата. Biserce добро го има разбрано начинот на функционирање на Википедија.--brest (разговор) 11:05, 15 јануари 2012 (CET)
- --brest (разговор) 11:05, 15 јануари 2012 (CET)
- --brest (разговор) 11:05, 15 јануари 2012 (CET)
- Статијата обработува тема која и на другите јазични изданија не е доволно застапена а сепак е мошне актуелна, тоа посебно важи за Македонија. Добро би било да има повеќе стаии поврзани со оваа тематика. Статијата е детална, веродостојна и прецизна, презентира објективност и неутралност. Потребно е да се доработи во смисла на тоа да не се појавуваат црвени врски (врски кон непостоечки статии), на тој начин би се постигнала поширока покриеност на тематиката која се обработува.--brest (разговор) 11:05, 15 јануари 2012 (CET).
- --brest (разговор) 11:05, 15 јануари 2012 (CET)
- --Kiril Simeonovski (разговор) 00:11, 20 јануари 2012 (CET) Мислам дека статијата обработува доста интересна и привлечна тема, на начин кој им доликува на најквалтиетните статии на Википедија.
Предлошки
уредиСледниве предлошки ќе се користат:
- {{никулец}} – статиија никулец - се додава на крајот од статија никулец.
- {{ВикиПроект ФИНКИ 2011-12}} – ознака дека статијата е дел од проектот - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
- {{Корисник ФИНКИ}} – предлошка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.