Познати кодекси кај компјутерската етика

Компјутерските етички кодекси се етички кодекси создадени во 1992 од страна на Институтот за компјутерска етика.Корисниците на компјутерите преку етичките кодекси учат правилно да функционираат во светот на компјутерите. Луѓето не се доволно свесни, дека ако не се почитуваат овие правила во компјутерската етика следат одредени казни. Етичките кодекси се создадени од институтот за компјутерска етика. Начинот на кој комуницираме во светот на компјутерите мора да има етичка основа.

Прекршувањата кои се прават во компјутерската етика, се случуваат бидејќи различно образовани луѓе ги користат компјутерите, затоа треба да се овозможат едукации за сите корисници на компјутерите. Една од главните задачи на компјутерската етика е да ги идентификува етичките прашања кои спаѓаат во поширока категорија на прашања.

Денес е потребно секој поединец да стапи во сајбер општеството, без разлика колкаво е неговото знаење во врска со компјутерите. Постојат многу прашања, за кои сме збунети во однос на тоа дали се етички или не се етички.Но, заради тоа постојат експерти од таа област, кои ги дефинираат тие неразјаснети прашања. Исто така постојат тела на експертите, кои се справуваат со сајбер проблемите, и истите тие ги формираат Етичките кодекси. Така секој човек којшто користи компјутер треба да ги почитува етичките кодекси. [1]

Доколку корисниците ги применат овие кодекси на помала возраст, толку е подобро, бидејќи тие на еден начин се навикнуваат на правилниот начин на користење на компјутерите. Организациите кои се занимаваат со етичките кодекси, работат цело време на тоа, да им помогнат на корисниците да прават што помалку прекршоци, за да функционираат на правилен начин. Колку повеќе се развива технологијата, толку е поголема потребата од почитување на етичките кодекси, бидејќи бројот на корисниците во сајбер општеството расте, а со тоа расте и бројот на прекршоците кои се прават.

Сите непочитувања на етичките кодекси наштетуваат на некој од корисниците. Често луѓето знаат да користат софтвер, за кои немаат дозвола, а не се доволни свесни дека тоа е прекршок.

Или пак да пристапуваат до туѓи информации за кои немаат дозвола, но секако, за сите вакви прекршоци следат соодветни казни.

Етичките кодекси не учат баш за тие прекршоци, дека не треба да си дозволиме да ги направиме.Тие имаат за цел, да не освестат на време, да не направиме некој прекршок. Потребно е сите корисници од различни возрасти да ги почитуваат овие кодекси. [2]

Постојат многу злосторства во светот на компјутерите со опасни последици. Луѓето кои се многу во работата со компјутерите понекогаш ги користат своите способности за злобни акции. Тие создаваат програми кои се нарекуваат вируси да ја преземат контролата на други компјутери.Така овие програми, всушност,ја уништуваат содржината на нашиот компјутер.

Дали мислите дека имате право да ги прочитате туѓи приватни електронски содржини? Дали е правилно да купите игра, и потоа ја даде на пријателите, а тие немаат да ви платат? Дали имате право да го користи вашето знаење за да создадете "вирус" ? Ако вашиот одговор е не, тогаш тоа е добро за вас. Вие сте на патот кон правилен етички развој.

Размислете за тоа како би се чувствувале кога би постоел хакер кој може да погледне во вашиот компјутер. Ако мислите дека ќе биде забавно да се создаде програма која ги уништува сите делови на некој компјутер, тогаш замисли како ќе биде да се обиде да го врати во првобитната состојба, откако ќе го зарази некој вирус.[3]

Познати кодекси на компјутерската етика

уреди
  • Треба да се прифати одговорноста при донесувањето на одлуки, во согласност со безбедноста, здравјето и благосостојбата на јавноста, и да се откријат сите фактори, кои можат да ја загрозат јавноста или животната средина.
  • Да се избегнат вистински конфликти на интереси, секогаш кога е можно, и да се откријат на време.
  • Да се биде искрен и реален во наведените побарувања, или проценки засновани на достапните податоци.
  • Да се одбие подкупот во сите негови форми.
  • Да се докаже разбирањето во технологијата, неговата соодветна примена, и потенцијалните последици.
  • Да ја одржуваме и докажеме нашата техничката компетентност, и да се преземат технолошки задачи за другите, само ако се квалификувани преку обука или искуство.
  • Да се бараат, и прифатат и други искрени критики во техничката работа, за да се признаат и поправат грешките.
  • Да се третираат сите луѓе подеднакво без разлика на расата, религијата, полот, возраста или националното потекло.
  • Да се избегне повредувањето на другите, нивната репутација или вработување со лажни и злонамерни дејства.
  • Да им се помогне на колегите, и соработниците во нивниот професионален развој, и да се поддржат во следењето на етичките кодекси.
  • Информациите зачувани на компјутер, треба да се третираат онака како што се напишани или изговорени.
  • Приватноста не треба да биде прекршена. Во случај на академска употреба, тоа се нарекува плагијаризам.
  • Информациите за јавно гледање, не треба да се модифицираат или бришат или да се недостапни, бидејќи тие се сметаат за деструктивни акти.
  • Нападните софтвери како "црви" или "вируси" се исто така нелегални.
  • Натрупувањето нечиј систем, со несакани информации, е исто така нелегално.
  • Испраќање на непристојни пораки преку електронска пошта е забрането.
  • Испраќање на сексуално експлицитна содржина, пораки или слики е исто така забрането.
  • Прифаќање и обезбедување соодветен професионален преглед.
  • Познавање и почитување на постоечките закони во професионалната работа.
  • Почитување на договори, спогодби и доделување на одговорности.
  • Пристап до компјутерски и комуникациски ресурси само ако си овластен за тоа.
  • Создавање на можности за членовите на организацијата да ги научат принципите и ограничувањата на компјутерскиот систем.[4]

Непочитување на етичките кодекси

уреди

Свеста на луѓето за почитување на моралните правила е на многу ниско ниво.Тие сметаат дека моралните грешки можат да поминат неказнето, и поради тоа, некои исти грешки ги повторуваат со текот на времето.

Етичките кодекси постојат, за да луѓето ги почитуваат, и применуваат, а не да ги прекршуваат.

Прекршувањето на моралните правила, најчесто ги прават несовесните луѓе, оние кои воопшто не се запознаени со моралните норми.

Некои луѓе кога прават прекршоци, не размислуваат дека со тие прекршоци можат да ги повредат другите луѓе.

Никој од нас не би сакал да добива непристојни пораки на маил, никој не сака некој друг да му ги пристапува неговите приватни информации, и многу други слични ситуации кои во денешно време за жал сè повеќе се застапени.

Киберзлосторството во последниов период сè повеќе расте со зголемување на развојот на компјутерите.

Луѓето кои добро ги познаваат етичките кодекси, и ги почитуваат, најчесто работат на тоа, и другите луѓе да ги запознаат со нив, и на некој начин да ги наведат да и тие почнат да ги почитуваат овие кодекси.

Луѓето знаат да искористат софтвер за кој немаат право да го користат, или пак да пристапуваат до информации, за кои им е забрането, но тие сепак го прават тоа. Доколку сите оние кои доволно се запознаени со етичките правила, и ги почитуваат, почнат да им помагаат и на другите кои не се доволно запознаени, и тие да ги почитуваат, тогаш работите ќе се ориентираат кон правилната насока. [5]

Наводи

уреди
  1. Етиката кај компјутерската наука Ethics in Computer Science, Архивирано од изворникот на 2012-01-08, Посетено на 2012-01-29
  2. Етиката кај компјутерите Ethics in Computing
  3. Компјутерска етика Computer Ethics
  4. Статија за кодексите во компјутерската етика Computer Ethics - Code of Ethics in Computing
  5. Киберзлосторство Punishment for cuber crime