Список на програмски грешки
Софтверска грешка (англиски: Software bug) е термин за опишување на грешка или недостаток во софтверски систем која резултира со неочекувани или неточни резултати на работата на софтверот. Најчесто софтверските грешки се резултат на кодот пишуван од страна на програмерите. Но, постојат и софтверски грешки кои се резултат на компајлери.
Софтверските грешки можат да резултираат со многу сериозни последици. Последиците можат да бидат дури и човечки животи, а можат да бидат и многу понесериозни. Системи кај кои последиците од софтверски грешки можат да бидат непроценливо огромни се викаат критични системи. Вакви системи има во медицината, аеродромите, компаниите за истражување на вселената итн., односно во секоја област во која од софтверот зависат човечки животи и/или огромни парични износи. [1]
Медицина
уреди- Софтверска грешка во кодот на Therac-25 (машина за терапија од радиоактивност), директно резултирала со смрт на најмалку пет пациенти во неколку различни медицински објекти. Повеќе други пациенти претрпеле сериозни повреди. софтверската грешка предизвикала прекумерно (и смртоносно) количество на радијациски зраци. Ова се случувало во периодот од 1985 до 1987 години од минатиот век.
Therac-25 бил еден вид на терапевтски систем кој овозможувал два типа на зрачење: X-зраци и бета-честички (зраци со помала јачина). Инженерите кои го граделе Therac-25 не знаеле дека Therac-25 и неговиот претходник Therac-20 биле конструирани врз основа на оперативен систем, кој пак бил изграден од програмер без формална обука. софтверската грешка предизвикувала дактилограф кој е многу брз во својата работа случајно да може да го конфигурира Therac-25 така што зраците би биле со голема моќ, но надвор од точната позиција.
- Направа за срцеви органи предизвикала неколку срцеви удари во март, 2008та година. Компанијата која ја произвела оваа направа претрпела огромни парични штети бидејќи била тужена.
- Десетици илјади медицински направи биле вратени од употреба во 2007 година, за да се поправи софтверска грешка во нивниот код.
- Во ноември, 1997 година, акциите на значајна медицинска компанија опаднале за околу 60% поради грешка во софтверот за наплата, проблеми со терапевтски во претворање базата на податоци и несоодветно тестирање на софтверот.[2]
Истражување на вселената
уреди- Првиот лет на ракетата Ariane 5 на Европската Агенција на Вселената (англиски: European Space Agency ) се срушил 40 секунди по поаѓањето. Резултатот била материјална штета од половина милијарда долари. Причината била лошо справување со грешка на децималната запирка при претворање од 64-битен цел број во 32-битен цел број. Оваа несреќа се случила на 4 јуни, 1996 година.
- Вселенскиот брод на НАСА, по име Mars Climate Orbiter, кој чинел 125 милиони долари, се изгубил неповратно во вселената поради софтверска грешка при едноставна претворање на податоци. Податоците, наместо да бидат во метрички единици, биле во англиски мерни единици. Ова се случило во 1999 година. Мисијата во која овој вселенски брод требало да учествува исто така не успеала. Биле воведени неколку истражувања за да се утврдат причините за неуспехот. Истражувањата покажале дека причината за овој катастрофален неуспех била софтверска грешка поради која софтверот за летањето добил вибрации поради турбуленциите од атмосферата, а помислил дека тоа се вибрации вибрации при слетување. Поради тоа, софтверот ги исклучил моторите на 40 метри висина над планетата Марс.
- Во април, 1999 година, софтверска грешка резултирала со неуспех при лансирање на сателит на војската на САД, кој чинел 1.2 милијарди долари. Оваа несреќа резултирала со серија прегледи и реевалуација на комплетната воена Американска индустрија.
- На 2 ноември, 2006 година, погрешна наредба била пратена од страна на Земјата, која предизвикала софтверот на НАСА, по име Mars Global Surveyor погрешно да претпостави дека еден од моторите престанал со работа. Така, софтверот ја пренел енергијата на една батерија, што резултирало со прегревање, бидејќи работеле и моторот и батеријата. Дискутабилно е дали ова е резултат на софтверска грешка, или на човечка.
- На 10 септември 1988 година, Рускиот Институт за Истражување на Вселената (англиски: Russian Space Research Institute), по име Phobos 1, ги деактивирал моторите на сончевите плочи, што резултирало со исцрпување на батериите и огромна штета.
- На 28 јули 1962 година, софтверска грешка резултирала со погрешно пренасочување на вселенската сонда Mariner I. Mariner I скршнал од точната патека при негово лансирање. Ракетата е намерно уништена над Атлантскиот Океан. софтверската грешка се должела на тоа што одредена математичка формула е погрешно преведена во програмски код. Така, компјутерот не ја пресметал точната траекторија. Јазикот на кој била пишувана програмата бил Fortran.[3]
Компјутерски науки
уреди- Една од најпознатите софтверски грешки е грешката предизвикана поради датумот. Овој проблем се случи во 2000 година, а се очекува повторно да се случи во 2038 година. Интересното е тоа што овој проблем беше очекуван. Исто така, очекувано беше и тој да резултира со пад на светската економија. За среќа, грешката била поправена во последен момент. Таа се должи на тоа што многу Unix засновани системи го сметаат времето во секунди и го зачувуваат како 32-битен цел број, за кој да се запише во меморија има само ограничено место.
- Генераторот на случајни броеви на Kerberos имал софтверска грешка, поради која цели осум години (од 1988 до 19996 година) било возможно лесно да се влезе во секој компјутер кој вршел автентикација според Kerberos. Сè уште не се знае дали некој воопшто го искористил овој пропуст.
- Во јануари, 1990 година, софтверска грешка во софтверот кој ги контролирал AT&T прекинувачите, предизвикала компјутерите да резултираат со неочекувано однесување кога ќе добијат одредена порака од страна на нивните соседни машини. Пораката се пренесувала кога соседните машини се опоравувале од грешка. Бидејќи секој компјутер предизвикувал неколку други компјутери да се ислучуваат, растот на исклучувањето на компјутерите бил експоненцијален. Набрзо, 60 илјади луѓе останале се соочиле со овој проблем.[4]
Пренос на електрична енергија
уреди- Во март, во 1999 година, едно гратче во Илиноис добило необично голема месечна сметка за електрична енергија. Сумата била 7 милиони долари, што било околу 700 пати повеќе од нормалните сметки. Причината била софтверска грешка во софтверот на локалната компанија заелектрична енергија електрична енергија.
- Околу 70.000 бизнис потрошувачи биле погодени од грешка во софтвер за поддршка на големи комерцијални високопреносни податоци низ мрежа.
- Најголемото снемување на електрична енергија во Северна Америка се случило главно поради софтверска грешка. 50 милиони луѓе останале без електрична енергија. Материјалната штета се проценува на околу 6 милијарди долари. 100 електрани не функционирале. софтверот во кој била грешката бил за управивање и следење на електричната енергија. Грешката била поправена откако милиони линии код биле прегледани.[5]
Медиуми
уреди- Во октомври, 2005 година, компанијата Sony BMG продуцирала музички компакт диск кој содржел начин за заштита од копирање на тој начин што тајно инсталирала штетна програма на секој компјутер. Ова резултирало со сигурносна дупка и голем бран на успешни напади на компјутерите во кои било ставено CD-то во употреба. Компанијата Sony BMG понудила решение за овој проблем кое всушност само го влошило проблемот.
- Една софтверска грешка резултирала со бришење на погрешен документ во неколку илјадници компјутери. Резултатот бил неможност за подигање на системите.[6]
Влада
уреди- Системот за управување на Владата на Канада не можел да се справи со обично зголемување на стапката на бенефиции. Се смета дека причината за ова е недоволно испробување.
- Во август, 2006 година, сервис за студентски заеми во споственост на Владата на САД како резултат на софтверска грешка објавил информации за 21.000 студентски заеми. Грешката набрзо била поправена, а на оштетените студенти им бил понуден соодветен надомест.
- Во почетокот на 2006 година, се случила софтверска грешка во систем за следење на финансиите на Владата. На мрежно место биле по грешка прикажани финансиски извештаи. мрежното место било затворено се дури не била најдена и поправена софтверската грешка.
- Во септември, 2006 година, се случила софтверска грешка во софтвер кој се користел при изборите за државна власт. Грешката предизвикувала привремено ресетирање на машините за преглед на гласови. Се случила огромна конфузија и временско доцнење на резултатите. Проблемот наводно се случил поради недоволно испробување.[7]
Војска
уреди- Во јуни, 1995 година, хеликоптерот кој бил дел од Кралските воздухопловни сили се урнал. Оваа несреќа резултирала со 29 смртни случаи. Најпрво се мислело дека ова е резултат на грешка на пилотот, но подоцнежните истражувања покажале дека причината би можела да биде софтверска грешка во компјутерот за контрола на моторот на хеликоптерот.
- Во април, 1992 година, F-22 Raptor се урнал при слетивање во Калифорнија. Причината била грешка во софтверот за контрола на летањето. Грешката резултирала со неспречување на осцилација забележана од страна на пилотот.
- На 11 февруари, 2007 година, се случиле неколку паѓања на софтверот на F-22 Raptor, кој во моментот се наоѓал над Хаваи, веднаш над 180 меридијан. Софтверските паѓања се случиле при комуникацијата и навигацијата. Благодарение на добрите климатски услови, луѓето на кои им се случила оваа незгода се спуштиле на земја. софтверската грешка била решена веднаш потоа, во рок од 48 часа.
- софтверската грешка во MIM-104 Patriot резултирала неговиот системски часовник да греши една третина од секунда. Тоа резултирало со неможност за лоцирање и судир со проектил. Резултатот бил смрт на 28 Американци во воениот комплекс во Саудиска Арабија.
- На бродот USS Yorktown му се случила почетничка софтверска грешка – делење со нула. Резултатот бил пропаѓање во водата три часа откако се случило делењето.[8]
Наводи
уреди- ↑ Статија за софтверски грешки Software bug
- ↑ Статија за неодамнешни паѓања на софтвер предизвикани од софтверски грешки Some Recent Software Failures Caused by Software Bugs !, Архивирано од изворникот на 2011-12-28, Посетено на 2012-03-04
- ↑ Статија за најштетните софтверски грешки во историјата History's Worst Software Bugs, Архивирано од изворникот на 2012-03-29, Посетено на 2012-03-04CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Статија за 40 паѓања предизвикани од софтверски грешки 40 IT failures caused by software bugs
- ↑ Статија за множество софтверски грешки Collection of Software Bugs
- ↑ Список на софтверски грешки List of software bugs
- ↑ Статија за множество софтверски грешки A Collection of Well-Known Software Failures
- ↑ Статија за испробување на програмска опрема Software QA and Testing Frequently-Asked-Questions, Part 1