Историја на компјутерската етика

Сметачка етика или компјутерска етика — наука која се занимава со тоа како компјутерските професионалци да донесуваат морално исправни одлуки.

1940 - 1970

уреди

Компјутерската етика како наука е основана од страна на Норберт Винер, професор по математика и инженерство на Институтот за технологија во Масачусетс (англиски: MIT), во раните 1940-ти. Науката која ја пропагирал Винер се викала кибернетика. И покрај тоа што ова се случувало во екот на Втората светска војна, Винер предвидел дека кибернетиката искомбинирана со електронски компјутери ќе има огромни општествени и етички импликации; и дека откако војната ќе заврши, светот ќе мине низ втора индустриска револуција, што ќе резултира со многу нови етички предизвици и шанси.[1]

Винер потоа ја објавил својата книга Кибернетика (англиски: Cybernetics ) во која детално ја опишува новата гранка на применета наука. Во неа тој идентификувал општествени и етички резултати од постоењето на електронските компјутери. Тој во 1950 година ја објавил книгата “Човечка употреба на човечките суштества“ (англиски: The Human Use of Human Beings) со која се етаблирал како основач на компјутерската етика и покрај тоа што никаде не го употребил тој термин како назив на новата наука. Во оваа книга тој истражувал најразлични етички проблеми кои има најголеми шанси да се создадат со компјутерската и информациската технологија. Некои од овие проблеми се важни дури и денес, односно шеесетина години подоцна. Дел од овие теми се: компјутерите и безбедноста, компјутерите и (не)вработеноста, одговорностите на компјутерските професионалци, вештачка интелигенција, компјутерите и религијата и многу други важни теми.[2]

Како што често се случува, поради тоа што Норберт Винер бил пред времето и покрај тоа што тој сè уште не знаел дека е всушност основач на нова гранка, многумина од неговите колеги, и луѓето воопшто, го сметале за ексцентричен научник кој многу фантазира. Вистинитоста на тврдењата во неговите книги ќе се остварат дури две децении подоцна.

Напредувањето на новата наука било ставено во мирување сè до дваесетина години подоцна, кога Дон Паркер забележал дека почнале да се случуваат извесни информатички криминални дејства (на пример, ограбување на банка со помош на компјутер) и направил кодекс за морал со кој би биле казниви ваквите настани. Овој кодекс бил усвоен. Во следните две-три децении, Паркер пишувал книги и статии и држел говори и работилници за полето на компјутерската етика.[2]

1970 - 1980

уреди

Во овој период, Јозеф Вајзенбаум, компјутерски научник на Институтот за технологија во Масачусетс, испровоциран од реакцијата на околината врз неговиот софтверски симулатор на психијатар по име ELIZA, ја напишал книгата “Компјутерската моќ и човечкото мислење” (англиски: Computer Power and Human Reason), која е основна литература на компјутерската етика. ELIZA била нападната од страна на неговите колеги кои верувале дека поради неговиот софтвер ќе останат без работа. Книгата на Вајзенбаум, како и неговите говори, инспирирале многу мислители и проекти од полето на компјутерската етика.[3]

Терминот “компјутерска етика” првпат бил воведен од страна на Волтер Манер, кој забележал дека кога компјутерите учествуваат во медицински процедури, се јавуваат нови етички прашања. Тој развил нов курс, на почетокот само експериментале, кој го носел ова име и неколку години подоцна терминот, како и курсот, биле прифатени насекаде. Во овој курс тој нудел материјали за учење, теми за дискусии и многу педагошки совети за универзитетски професори за и тие да го држат истиот курс. Работата на Манер извршила огромно влијание врз понатамошниот развиток на компјутерската етика. Тој предизвикал воведување на многу нови курсеви од оваа област, а се здобил и со неколку важни следбеници.[4]

Во овој период не се случиле други поважни настани на полето на компјутерската етика. Нејзиниот најважен развој се случил подоцна.

1980 - 1990

уреди

Во почетокот на овој период, јавноста во Америка и Европа почнале да ја загрижуваат бројни последици на постапки поврзани со информатичката технологија. Вакви загрижувачки појави биле: криминал извршен со компјутер, несреќи предизвикани од паѓање на компјутерска машина, напади на приватност податоци преку компјутерски бази на податоци и огромни и скапи судски процеси за софтверска сопственост. Во овој период се случила огромна експанзија нна компјутерската етика.

Еден од следбениците и помошниците на Манер, Терел Вард Бинум освен што работел на пропагирањето на компјутерската етика како наука, во 1985 година напишал статија во весникот “Метафилозофија” (англиски: Metaphilosophy), по име “Што е компјутерската етика?” (англиски: What Is Computer Ethics?), која денес се смета за основна литература за оваа област.[5]

Истата година, Дебра Џонсон го објавила првиот официјален учебник за компјутерскатата етика, кој го носи истоимениот назив. Таа ја дефинирала компјутерската етика како поле кои ги испитува начините на кои компјутерите воведуваат нови морални прашања и дилеми. Интересно е тоа што Дебра Џонсон, и покрај тоа што го следела движењето на Манер, не верувала дека компјутерите ќе создадат сосема нови етички проблеми. Тоа резултирало со дискусии меѓу нив двајца. Во овие дискусии Дебра се обидувала да докаже дека компјутерите само трансформираат, односно надградуваат стари етички проблеми. Computer ethics</ref>

Од тогаш, полето на компјутерската етика се развива многу брзо. Околу 1985 година, почнале да се отвораат истражувачки центри, компјутерски курсеви, конференции, да се пишуваат учебници и статии во весници итн. Од истражувачките центри најбитни за иднината на компјутерската етика биле оние во Европа и Австралија. Биле развиени и ETHICOMP конференции.[6]

1990 - денес

уреди

Во 1990 година, Готербарн го создал Институто за етички истражувања на софтверското инженерство (англиски: Software Engineering Ethics Research Institute ), како дел од Државниот Универзитет во Тенеси. Подоцна, заедно со Сајмон Роџерсон, развил компјутерски софтвер кој ќе им помага на поединци, компании и организации во подготовките на етичките анализи и за одредување на веројатни етички влијанија од страна на проектите од областа на софтверското инженерство. Овој софтверски производ се вика SoDIS.[7]

Во 1991 година, Бајнам и Манер ја одржале првата интернационална конференција за компјутерската етика, за која многумина сметаа дека е огромен чекор напред во истоименото поле. На оваа конференција мислењата ги споделиле многу филозофи, компјутерски професионалци, адвокати, бизнис водачи, владини претставници, новинари и други луѓе од многу важни гранки на општеството. Оваа конференција резултирала со множество материјали за предавања, монографи и видео програми.[7]

Во 1995 започнала втора генерација во развитокот на компјутерската етика, која обратила повеќе внимание на практичните активности. На една од ETHICOMP конференциите, Кристина Горњак Кочиковска смело изјавила дека компјутерската етика набрзо ќе прејде во глобално развиена етика која ќе биде застапена во секоја култура на планетата. Понатамошните случувања само ја потврдиле нејзината хипотеза. Во 1999 година, Дебра Џонсон се спротивставила на хипотезата со тоа што изјавила дека компјутерската етика нема да се развие, туку ќе биде онаа старата етика, но со нов пресврт.[8]

Оваа хипотеза е од големо значење за компјутерската етика бидејќи била провокативна и го разбудила интересот за тврдењата на Манер, кои тој ги направил на истата конференција. На оваа конференција, Горњак предвидела дека компјутерската етика ќе се развие во нешто многу повеќе од само применета етика, како што било тогаш. Таа смело изјавила дека таа ќе се развие во една глобална етика, прифатена од страна на секоја култура на земјата.[8]

За разлика од хипотезата на Горњак, хипотезата на Џонсон го тврди токму спротивното, иако на прв поглед двете изгледаат идентично.

Тоа значи дека мислителите на ова поле му пружиле на светот две многу различни гледишта за етичката важност и за етичкиот развој на компјутерската технологија. Едното гледиште е на Дебра Џонсон, и се заснова на тврдењето дека проблемите кои ги носи информатичката технологија се оние старите, но со некој нов пресврт. За ова гледиште може да се каже дека е конзервативно, бидејќи тврди дека основните етички теории кои се граделе со векови порано, ќе останат нечепнати. Тоа значи дека компјутерската етика како посебна гранка од применетата филозофија, ќе исчезне. Другото гледиште е на триото Винер-Манер-Горњак. Овие тројца научници ја гледаат компјутерската технологија како револуционерна област. Нивното гледиште се заснова на тврдењето дека луѓето ќе мора да ги преиспитаат основните принципи на етиката, а со тоа и самата дефиниција на човечкиот живот.

Наводи

уреди
  1. Статија за компјутерската етика Computer and Information Ethics[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 Статија за компјутерската етика A very short histoрy of computer ethics[мртва врска]
  3. Статија за компјутерска и информациска етика Computer and Information Ethics
  4. Статија за основни концепти на компјутерската етика Computer Ethics: Basic Concepts and Historical Overview, Архивирано од изворникот на 2012-01-27, Посетено на 2012-01-14
  5. Компјутерска етика Computer ethics
  6. Кратка статија за компјутерската етика A Very Short History of Computer Ethics
  7. 7,0 7,1 Кратка статија за компјутерската етика Computer ethics
  8. 8,0 8,1 Книга за компјутерската етика и професионалните одговорности Computer ethics and professional responsibility