Википедија:ВикиПроект ЈИЕУ 2012

Викимедија Македонија
Викимедија Македонија
Викиманија 2012
Викиманија 2012
Поврзано:

Предавање одржано на 26 април 2012 година од страна на Викимедија Македонија пред студентите на УЈИЕ во Тетово за проектите на викимедија.
Наградени студенти од страна на министерството за образование и наука, учесници во проектот „Македонија на Википедија“.

Проектот ЈИЕУ 2012 има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Факултетот за современи науки и технологии при Југоисточниот Европски Универзитет од Тетово, со цел работата на студентите подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат студентите. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.

Овој проект во исто време ќе се одвива и на Википедија на албански јазик, за што е формирана специјална страница за проектот, sq:Wikipedia:WikiProjekt UEJL 2012.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектот или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите.


Цели

уреди

Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:

  • Создавање на нови квалитетни статии;
  • Редизајн на постоечките статии;
  • Меѓујазични врски кон статиите на другите јазични изданија на википедија.

Пријавени членови

уреди

Во продолжение следи список на википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим: {{Корисник ЈИЕУ}}.

р.бр. член список на статии на кои работи членот на проектниот тим Забелешки за корисникот
*. brest
  1. ВикиПроект ЈИЕУ 2012
1. MihaelaJ
  1. Unified Modeling Language
Корисникот знае правилно да форматира внатрешни вики врски, но не ги користи за поими тесно поврзани со темата која се обработува, туку за случајно одбрани зборови од текстот. Потребно е да се внимава на почетната состојба на статијата и доколку има некаква содржина не би требало истата да се изгуби со новите уредувања, т.е. правилно да се вклопи во новиот текст.
2. Jakovceski
  1. Фајл (дадотечен) систем
Недостасуваат интерни вики врски, потребно е користење на македонски поими, потребно е пишување во енциклопедиски стил. Лоша употреба на референци.
3. DenizDjumkar
  1. Стратегии за справување со застој
Започната статија никулец.
4. Mirce te
  1. Застој
Неенциклопедиски стил на пишување. Потребно користење на македонски поими.
5. Vojovski
  1. Алгоритми за преместување на мемориски страници
Не се користи вешто со внатрешни викиврски и надворешни викиврски, категоризација, автоматско генерирање на содржина на статија.
6. Jovicasaveski
  1. Повеќе нишки
Неенциклопедиски стил на пишување. Премногу користење на странски поими. Непознавање на категоризација и меѓујазични врски.
7. Tripunoski
  1. Меѓупроцесни комуникации
8. Stanojevic
  1. Безбедносна околина

Список на статии

уреди

Следниве статии ќе бидат предмет на обработка во рамките на проектот:

р.бр. статија список на членови на проектниот тим кои работат на статијата Забелешки за статијата
1 Unified Modeling Language MihaelaJ Статијата има внатрешни вики врски но за поими кои не се тесно поврзани со темата која се обработува. Насловот на статијата може да се преименува на македонски јазик (преку пренасочување). Корисникот ја пребришал во целост првичната верзија на статијата, но со оглед на тоа што се работи за никулец статија, не мора да значи дека не постапил правилно.
2 Фајл (дадотечен) систем Jakovceski Недостасуваат интерни вики врски. Потребно е користење на македонски поими. Статијата не е напишана во енциклопедиски стил. Лоша употреба на референци.
3 Стратегии за справување со застој DenizDjumkar Недоволно користење на вики врски. Лошо форматирање на наслови со помош на знакот „=“. Направено е едноставно copy/paste. Статијата е започната како никулец а потоа значително надополнета од други векипедијанци.
4 Застој Mirce te Неенциклопедиски стил на пишување на статијата. Релативно добро користење на референци.
5 Алгоритми за преместување на мемориски страници Vojovski На статијата и треба доработка за да ги задоволи стандардите на википедија. Недостасува: внатрешни викиврски и надворешни викиврски, категоризација, автоматско генерирање на содржина на статија.
6 Повеќе нишки Jovicasaveski Неенциклопедиски стил на пишување на статијата. Премногу користење на странски поими. Недосток на илустрации, категории и меѓујазични врски.

Фази на проектот

уреди

Првата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно принципите на Википедија.

Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.

Третата фаза на проектот опфаќа изработка на вики-портал поврзан со темите предмет на обработка на овој проект.

На 21 јуни 2012 година истекува рокот до кога може студентите да додаваат нови статии и да уредуваат постоечки а која работа ќе се земе во предвид за оценка во поглед на успешноста на студентот. Оценката ќе се прави на две нивоа: прво ниво, самите студенти со гласање за најдобра статија на проектните страници, второ ниво, жири комисија составена од претставници од Министерството за образование и наука, Универзитетот и Викимедија Македонија. Доколку условите на натпреварот бидат задоволени Министерството за образование и наука ќе додели прва, втора и трета награда за најдобрите студенти во форма на потврди. Овие потврди студентите ќе имаат право да ги искористат при конкурирање на следните конкурси за доделување на студентски стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука, како доказ за исполнување на минималните услови за учество на конкурсите.

Избор на најдобра статија

уреди

Подолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:

(а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
(б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
(в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
(г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
(д) да е стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
(ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
(е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
(ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
(з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
(ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.

Гласање за најдобра статија

уреди

Од 21. јуни до 26. јуни ќе се одвива гласањето за најдобра статија.

Секој студент и член на вики-заедницата има право да гласа за 3 различни статии со (  {{За}},    {{Против}},    {{Неутрален}}). Исто така, ако има потреба може и да сдискутираат и предложат можни подобрувања.

#{{За}}--~~~~

#{{Против}}--~~~~

#{{Неутрален}}--~~~~
  • гласови:
  1.   --Taulantamiti (разговор) 11:06, 24 јуни 2012 (CEST)[одговори]
  • гласови:
  1.   --Liridon (разговор) 11:48, 23 јуни 2012 (CEST)[одговори]
  • гласови:
  1.   --Taulantamiti (разговор) 11:07, 24 јуни 2012 (CEST)[одговори]
  • гласови:
  1.   --Liridon (разговор) 11:45, 23 јуни 2012 (CEST)[одговори]
  • гласови:
  • гласови:
  1.   --Liridon (разговор) 11:45, 23 јуни 2012 (CEST)[одговори]
  2.   --Sanja_mk (разговор) 15:15, 23 јуни 2012 (CEST)[одговори]
  3.   --Taulantamiti (разговор) 11:07, 24 јуни 2012 (CEST)[одговори]
  • гласови:
  • гласови:

Предлошки

уреди

Следниве предлошки ќе се користат:

  • {{никулец}} – статиија никулец - се додава на крајот од статија никулец.
  • {{ВикиПроект ЈИЕУ 2012}} – ознака дека статијата е дел од проектот - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{Корисник ЈИЕУ}} – предлошка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.

Како можете да помогнете?

уреди

Вклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.

Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.