Сметачко злосторство

(Пренасочено од Компјутерски криминал)

Сметачко злосторство (киберзлосторство, семрежно злосторство информатичко злосторство, интернет-криминал) — било кои криминални активности кои вклучуваат компјутер и мрежа.[1] Компјутерот може да се користи во извршувањето на кривичното дело, или компјутерот може да биде целта на нападот.[2] Интернет злосторства, пак, се однесуваат на криминална експлоатација на интернетот .[3] Сајбер злосторства се дефинираат како: "дела со криминален мотив, кои се извршени против поединци или групи на лица, за намерно да му наштетат на угледот на жртвата или да и предизвикаат физички или ментални повреди, директно или индиректно, користејќи современи телекомуникациски мрежи како интернет (виртуелни соби за разговор, е-пошта,табли за информирање и групи) и мобилни телефони (СМС / ММС) ".[4] Ваквите злосторства може да ја загрозат безбедноста на нацијата и нејзината финансиска состојба.[5] Прашањата околу овој тип на криминал станаа многу важни, особено оние поврзани со хакирање , кршење на авторските права , детска порнографија и сексуална злоупотреба на деца. Исто така, постојат и проблеми на приватноста кога доверливи информации се губат или се пресретнати, законски или на друг начин.

На меѓународно ниво, владини и недржавни глумци се вклучуваат во сајбер злосторства како шпионажа , финансиска кражба , како и други прекугранични криминални активности. Активностите на поминување на меѓународните граници и инволвирањето во интересите на најмалку една држава понекогаш се нарекуваат сајбер војна . Меѓународниот правен систем се обидува да ги казни одговорните глумците преку Меѓународниот кривичен суд.[6]

Топологија

уреди

Компјутерските злосторства опфаќаат широк спектар на активности. Општо земено, сепак, може да се поделат во две категории: (1) злосторства кои се насочени директно кон компјутерите, (2) злосторства потпомогнати од страна на компјутерски мрежи или уреди, каде примарната цел е независна од компјутерската мрежа или уред.

Во кривични дела чија примарна цел се компјутерски мрежи или уреди спаѓаат:

Во кривични дела кои ги користат компјутерските мрежи или уреди за да извршуавање на други напади спаѓаат:

Спам

уреди

Спам или несакано испраќање на е-пошта пораки за комерцијални цели, е незаконско во некои јурисдикции . Додека анти-спам законите се релативно нови, веќе некое време постојат ограничувања за несакани електронски комуникации.[7]

Измама

уреди

Компјутерска измама е секое нечесено погрешно претставување на факти наменети за некој да направи или да се воздржи од правење нешто што предизвикува загуба. Во овој контекст, измама ќе резултира со добивање на корист преку:

  • Менување на компјутерски влез на неовластен начин. Ова бара малку техничко знаење и не е невообичаена форма на кражба од страна на вработените, кои менуваат податоци пред да ги внесат или внесуваат невистинити податоци, или внесуваат неовластени инструкции или користат неовластени процеси;
  • Менување, уништување, прикривање, или крадење извештаи, обично за да се скријат неовластени трансакции: ова е тешко да се открие;
  • Промена или бришење на зачувани податоци;
  • Промена или злоупотреба на постоечки системски алатки или софтверски пакети, или промена или пишување на код за лажни цели.

Други форми на измама може да бидат потпомогнати со употреба на компјутерски системи, вклучувајќи банкарски измами , кражба на идентитет , изнудување и кражба на доверливи информации.

На голем број на интернет измами директна цел им се потрошувачите.

Непристојна или навредлива содржина

уреди

Содржината на мрежни места и други електронски комуникации може да биде невкусна, непристојна или навредувачка поради различни причини. Во некои случаи овие комуникации може да се нелегални.

Над 25 јурисдикции го ограничуваат слободнот говор и забрануваат расистички , богохулни , политички субверзивни, клеветнички, бунтовнички , или распламтувачки материјали кои имаат тенденција да поттикнуваат криминал од омраза.

Степенот до кој овие комуникации се незаконски варира во голема мера меѓу земјите, па дури и во рамките на народите. Тоа е чувствителна област во која на судовите може да се вклучат во посредување меѓу групите со силни убедувања.

Една област од интернет порнографијата , за која има најмногу залагања да се искорени е детската порнографија.

Малтретирање

уреди

Со оглед на тоа дека содржината може да биде навредлива на не-специфичен начин, малтретирањето ги насочува срамните и понижувачки коментари кон конкретни лица фокусирајќи се на пример на пол, раса, вера, националност, сексуална ориентација. Ова често се јавува во виртуелните соби за разговор, преку новинарски групи, и со испраќање на е-пошта со омраза на заинтересираните странки (поими сајбер малтретирање , сајбер демнење , малтретирање преку компјутер , криминал од омраза , Мрежен грабливец , и демнење ). Каков било коментар кој може да биде деградирачки или навредувачки се смета за малтретирање.

Трговија со дрога

уреди

Трговците со дрога сè повеќе ја искористуваат ја предноста на интернетот за да ги продадат своите нелегални супстанции преку шифрирана електронска пошта и други интернет технологии. Некои трговци со дрога организираат зделки во интернет-кафеа , користете курирски мрежни места за да ги следат илегалните пратки на таблети, и да размануваат рецепти за амфетамини во виртуелни соби за разговор со ограничен пристап.

Порастот на интернетната трговија со дрога , исто така, може да се припише на недостатокот на комуникација лице-в-лице. Овие виртуелни размени им овозможуваат на многу заплашени поединци поудобно купување на нелегални дроги. Провизорните ефекти кои се често поврзани со трговијата со дрога се сериозно минимизиран и процесот на филтрирање кој доаѓа со физичката интеракција избледува.

Сајбер тероризам

уреди

Владините претставници и специјалистите кои се грижат за безбедноста на информатичката технологија, од почетокот на 2001 година, имаат документирано значително зголемување на интернет проблемите и опслужувачките скенирања. Но, постои растечка загриженост меѓу федералните власти дека таквите наметнувања се дел од организирани напори од страна на сајбер терористи, странски разузнавачки служби, или други групи, за да ги мапираат потенцијалните безбедносни дупки во критичните системи. Сајбер терорист е некој кој заплашува или присолува влада или организација, за да ги унапреди своите политички или општествени цели, преку започнување компјутерски засновани напад врз други компјутери, мрежи, и информациите зачувани на нив.

Сајбер тероризам во целина, може да се дефинира како чин на тероризам извршен преку употреба на сајбер-просторот или компјутерски ресурси (Паркер 1983). Како таков, едноставна пропаганда на интернет, дека ќе има бомбашки напади за време на празниците може да се смета за сајбер тероризам. Исто така има и хакерски активности насочени кон поединци, семејства, организирани од групи во рамките на една мрежа, со тенденција да се предизвика страв меѓу луѓето, да се презентира моќ, да се соберат информации релевантни за уништување на животите на луѓето, да се реализираат грабежи, уцени и сл.

Сајбер изнудување е форма на сајбер тероризам во кое мрежно место, е-пошта опслужувач, или компјутерски систем е подложен на повторливи DDoS ( denial of service ) напади или други напади од страна на злонамерни хакери, кои бараат пари во замена за ветување дека ќе ги запрат нападите. Според Федералното биро за истраги ( FBI ), сајбер изнудувачите сè повеќе напаѓаат корпоративни мрежни места и мрежи, осакатувајќи ја нивната способност да работат и бараат исплати за да ја вратат нивната фуккционалност. Повеќе од 20 случаи се пријавуваат секој месец, a многу поминуваат непријавени, со цел да се задржи името на жртвата надвор од доменот. Сторителите обично користат дистрибуирани DoS напади ( distributed denial-of-service attack ).[8]

Сајбер војна

уреди
 
Морнари анализираат, откриваат и одбранбено одговараат на неовластени активности во рамките на информациските системи и компјутерски мрежи на американската морнарица

Министерството за одбрана на САД (DoD) забележува дека сајбер-просторот добил интернационална важност поради неколку неодамнешни настани од гео-стратешко значење. Меѓу нив е нападот врз инфраструктурата на Естонија од 2007 година, наводно од страна на руски хакери. "Во август 2008 година, Русија повторно наводно, извршила сајбер напади, овој пат во координирани и синхронизирани кинетички и не-кинетички кампањи против Грузија. Плашејќи се дека таквите напади може да станат норма во идните војни меѓу нациите, концептот на оперирање низ сајбер-просторот влијае врз и ќе биде присвоен од стана на воените команданти во иднина.[9]

Документирани случаи

уреди

Едно од највисоко профилираните банкарски компјутерски злосторства се случило во 1970 година. Главниот пребројувач на експозитурата во Park Avenue на њујоркшката банка Union Dime Savings Bank, проневерил над 1.500.000 $ од стотици сметки.[10]

Хакерска група наречена МнИ (Мајстори на Измама), наводно украле лозинки и технички податоци од телефонската компанија Pacific Bell , Nynex , од други телефонски компании, како и од неколку големи кредитни агенции и два големи универзитети. Предизвиканата штетата била огромна, една компанија, Southwestern Bell претрпела загуби од над 370.000 долари, сама.[10]

Во 1983 година, деветнаесет годишниот студент на универзитетот во Лос Анџелес го искористил својот компјутер да провали во Меѓународниот оддел за одбрана на комуникации систем.[10]

Помеѓу 1995 и 1998 година, енкриптираната услуга плати-за-да-гледаш т.н. SKY-TV, на сателитот на Newscorp беше пробиена неколкупати за време на тогашната технолошка трка за вооружување меѓу пан-европската хакерска група и Newscorp. Оригиналната мотивација на хакерите била повторно да се емитува серијата „Star Trek“ во Германија; нешто што Newscorp немале авторски права да го прикажуваат.[11]

На 26 март 1999 година, црвот Мелиса зарази документ на компјутерот на жртвата, а потоа автоматски го препратил тој документ и примерок од вирусот преку е-пошта на други луѓе.

Во февруари 2000 година поединец под алијасот MafiaBoy почна серија на DDoS напади против високопрофилирани мрежни места вклучувајќи ги и Yahoo! , Amazon.com , Dell. Inc , E*TRADE , eBay , и CNN . Околу педесет компјутери на Универзитетот Стенфорд , а исто така и компјутери на Универзитетот во Калифорнија во Санта Барбара, биле меѓу оние зомби компјутери кои испраќале пингови во DDoS напади. На 3 август 2000 година, канадските федерални обвинители го обвинија MafiaBoy со 54 точки за нелегален пристап до компјутери, плус десет точки од обвинението биле за злупотреба на податоци во неговите напади.

Руската бизнис мрежа (RBN) беше регистрирана како мрежно место во 2006 година. Првично, голем дел од нејзините активности биле легитимни. Но, очигледно основачите наскоро откриле дека повеќе било профитабилни да се биде домаќин на нелегални активности и почна да ги нуди своите услуги на криминалци. РБМ е опишана од страна на VeriSign како "најлошо од најлошото".[12] Мрежата нуди вдомување услуги и пристап до интернет за сите видови на криминални и непристојни активности, со заработка до 150 $ милиони во една година. Таа специјализира а во некои случаи и монополизира личнакражба на идентитет за препродажба. Тоа е основоположник на MPack и на операторот Storm botnet.

Во август 2010 година меѓународната истрага за операцијата Delego , која е под покровителство на Одделот за домашна безбедност , го затвори меѓународниот педофилски прстен Dreamboard. На мрежното место имало околу 600 членови, и дистрибуирал до 123 терабајти на детска порнографија (приближно еднакви на 16.000 ДВД-а). До денес ова е едно најголемите американски гонења на меѓународен детски порнографски прстен; беа извршени 52 апсења ширум светот.[13]

Борба против компјутерски злосторства

уреди

Компјутерот може да биде извор на докази . Дури и кога компјутерот не е директно користен за криминални цели, може да содржи информации вредни за детективите.

Разгледај

уреди

Наводи

уреди
  1. Moore, R. (2005) "Cybercrime: Investigating High-Technology Computer Crime," Cleveland, Mississippi: Anderson Publishing.
  2. Warren G. Kruse, Jay G. Heiser (2002). Computer forensics: incident response essentials. Addison-Wesley. стр. 392. ISBN 0201707195. |access-date= бара |url= (help)
  3. David Mann And Mike Sutton (2011-11-06). „>>Netcrime“. Bjc.oxfordjournals.org. Посетено на 2011-11-10.
  4. * Halder, D., & Jaishankar, K. (2011) Cyber crime and the Victimization of Women: Laws, Rights, and Regulations. Hershey, PA, USA: IGI Global. ISBN 978-1-60960-830-9
  5. Internet Security Systems. March-2005.
  6. „Cyber Warfare And The Crime Of Aggression: The Need For Individual Accountability On Tomorrow'S Battlefield“. Law.duke.edu. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 2011-11-10.
  7. See, e.g., Telephone Consumer Protection Act of 1991, Do-Not-Call Implementation Act of 2003, CAN-SPAM Act of 2003.
  8. http://www.ere-security.ca/PDF/Cyberextortion%20by%20DoS,%20Risk%20Magazine%20June%202006.pdf
  9. http://www.carlisle.army.mil/DIME/documents/War%20is%20War%20Issue%20Paper%20Final2.pdf
  10. 10,0 10,1 10,2 Weitzer, Ronald (2003). Current Controversies in Criminology. Upper Saddle River, New Jersey: Pearson Education Press. стр. 150.
  11. David Mann And Mike Sutton (2011-11-06). „>>Netcrime“. Bjc.oxfordjournals.org. Посетено на 2011-11-10.
  12. „A walk on the dark side“. The Economist. 2007-09-30.
  13. „DHS: Secretary Napolitano and Attorney General Holder Announce Largest U.S. Prosecution of International Criminal Network Organized to Sexually Exploit Children“. Dhs.gov. Посетено на 2011-11-10.

Прочитај понатаму

уреди
  • Balkin, J., Grimmelmann, J., Katz, E., Kozlovski, N., Wagman, S. & Zarsky, T. (2006) (eds) Cybercrime: Digital Cops in a Networked Environment, New York University Press, New York.
  • Brenner, S. (2007) Law in an Era of Smart Technology, Oxford: Oxford University Press
  • Csonka P. (2000) Internet Crime; the Draft council of Europe convention on cyber-crime: A response to the challenge of crime in the age of the internet? Computer Law & Security Report Vol.16 no.5.
  • Easttom C. (2010) Computer Crime Investigation and the Law
  • Fafinski, S. (2009) Computer Misuse: Response, regulation and the law Cullompton: Willan
  • Glenny, Misha, DarkMarket : cyberthieves, cybercops, and you, New York, NY : Alfred A. Knopf, 2011. ISBN 9780307592934
  • Grabosky, P. (2006) Electronic Crime, New Jersey: Prentice Hall
  • Halder, D., & Jaishankar, K. (2011) Cyber crime and the Victimization of Women: Laws, Rights, and Regulations. Hershey, PA, USA: IGI Global. ISBN 978-1-60960-830-9
  • Jaishankar, K. (Ed.) (2011). Cyber Criminology: Exploring Internet Crimes and Criminal behavior. Boca Raton, FL, USA: CRC Press, Taylor and Francis Group.
  • McQuade, S. (2006) Understanding and Managing Cybercrime, Boston: Allyn & Bacon.
  • McQuade, S. (ed) (2009) The Encyclopedia of Cybercrime, Westport, CT: Greenwood Press.
  • Parker D (1983) Fighting Computer Crime, U.S.: Charles Scribner’s Sons.
  • Pattavina, A. (ed) Information Technology and the Criminal Justice System, Thousand Oaks, CA: Sage.
  • Paul Taylor. Hackers: Crime in the Digital Sublime (November 3, 1999. изд.). Routledge; 1 edition. стр. 200. ISBN 0415180724.
  • Robertson, J. (2010, March 2). Authorities bust 3 in infection of 13m computers. Retrieved March 26, 2010, from Boston News: Boston.com
  • Walden, I. (2007) Computer Crimes and Digital Investigations, Oxford: Oxford University Press.
  • Wall, D.S. (2007) Cybercrimes: The transformation of crime in the information age, Cambridge: Polity.
  • Williams, M. (2006) Virtually Criminal: Crime, Deviance and Regulation Online, Routledge, London.
  • Yar, M. (2006) Cybercrime and Society, London: Sage.

Надворешни врски

уреди