Википедија:Вести/2010/01
- 28 јануари 2010: Започнува снимање и чистење на Охридското Езеро од мини и старо оружје. Мините и оружјето се сместени на неколку места на охридското крајбрежје и се остатоци воглавно од Првата и Втората светска војна. А1
- 28 јануари 2010: Македонската православна црква - Охридска Архиепископија нема да преговара со Српската православна црква доколку услов е да се преговара и со Јован Вранишковски. А1
- 28 јануари 2010: Во Велес е промовирано звучно списание кое е наменето за слепи лица. Списанието е издадено од страна на Здружението на слепи лица во Македонија. Makfax
- 28 јануари 2010: Уставниот суд на Република Албанија го поништи договорот за поморската граница во Јонското Море со Република Грција. МРТ
- 28 јануари 2010: Во приморскиот албански град Драч се случил масакар кога вооружено лице влегло во ноќен бар каде биле убиени три лица. Inpress
- 28 јануари 2010: Во Србија две лица починале од смрзнување како последица на ниските температури кои ја зафатиле државата. Алфа
- 28 јануари 2010: Воен авион се урнал во градот Котобато во јужниот дел на азиската држава Филипини. Според првичните информации осум лица ги загубиле своите животи, вклучивајќи го и пилотот. Netpress
- 28 јануари 2010: Со конференцијата за Авганистан која се одржа во Лондон официјален Кабул се здоби со одобрување за планот за помирување со Талибанците. Makfax
- 28 јануари 2010: Со пребегнувањето на претседателот Мануел Зелоја во Доминиканската Република, заврши политичката криза во Хондурас која трае од јули минатата година. А1
- 28 јануари 2010: Германската компанија Сименс поради падот на производството и побарувачката е принудена да затвори 1.990 работни места. Најпогодени делови биле деловите за управување и индустриски решенија. МК фондови
- 28 јануари 2010: Народна банка на Република Македонија ја укина есконтната стапка, така од први февруари менува начинот на кој банките ќе пресметуваат казнени камати. Kanal 5
- 28 јануари 2010: Јапонската компанија Тојота ќе повлече дополнителни 1.09 милиони возила од Соединетите Американски Држави. Ereporter
- 28 јануари 2010: По повод 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на македонскиот писател Славко Јаневски, во просториите на МАНУ беше одржана свечена пригода и беа прочитани делови од неговите дела. Makfax
- 28 јануари 2010: Македонскиот пијанист Симон Трпчески е на турнеја во Хонгконг. Во петок и сабота ќе настапува со тамошниот филхармониски оркестар. Netpress
- 28 јануари 2010: Македонскиот ПЕН центар покрена иницијатива за номинирање на Скопје за европски град на културата. Дневник
- 28 јануари 2010: Италијанскиот автомобилски гигант Ферари во својата база во Маринело го претстави новиот Формула 1 болид за сезоната 2010/2011. Канал 5
- 28 јануари 2010: Фудбалерот на италијанскиот клуб Фиорентина Адријан Муту добил позитивни резултати на допинг тестот кој го направил италијанскиот олимписко комитет. Тестот бил направен по завршувањето на мечот против ФК Бари на 10 јануари. Netpress
- 28 јануари 2010: На Зимските олимписки игри во Ванкувер кои ќе се одржат во 2010 година, Македонија ќе ја претставуваат тројцата спортисти: Антонио Ристевски, Дарко Дамјановски и Росана Кироска. А1