Википедија:Барања за администраторски статус/1111tomica
- Следнава дискусија е зачувана како архивирано барање за администраторски статус кое не е успешно. Ве молиме, не менувајте ја оваа страница.
Содржина
Искажете го вашето мислење (разговор) (3/2/3); Закажано да заврши во 11:10, 18 септември 2010 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:
Tомица1111 (разговор) 14:36, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?
- О:
Па најчесто планирам да помагам во бришењето на лошо или недоволно добро напишаните страници на википедија, а исто така да ги потполнувам и со наводи оние на кој им е потребно таквото нешто.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О:
Па мислам дека мојте најдобри придонеси кон МК вики се страниците кои досега ги имам создадено и обработено тука. Ја напишав скоро цела дискографија на Ријана (синглови, албуми) и помогнав во обработка на статијата за Ријана, иако се гледа дека има уште работа на неа. До сега мислам дека две избрани статии, тоа е албумот Rated R, како и статијата Будимпешта која целосно ја ре-обработив. Ги напишав Окрузите на Унгарија и нивните главни градови. Понатаму ќе продолжам со Австрија и најважните статии околу неа. Планирам Виена за неколку дена да ја предложам за избрана статија. Исто така помагав и во пишувањето на Окрузите на Казакхстан, иако не беше некоја голема работа, но сепак помогнав во зголемување на бројот на статиите на мк вики. На мојот профил може да се видат и уште некои статии кои ги имам создадено во почетокот, кога почнав да работам на нашата википедија.
- 3. Колку често ги отворате скорешните промени?
- О:
Од 5 до 6 пати дневно.
- 4. Дали сте присуствувале на некоја Вики средба досега? Ако не, зошто?
- О:
Не сум присуствувал на ниедна вики средба, но се разбира дека во блиска иднина ќе го променам тоа. Немало некоја причина.
- 5. Дали лично познавате некој од другите корисници на Википедија?
- О:
Не, познавам никого лично од Википедија корисниците.
- 6. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?
- О:
Мислам на македонската википедија го немало тоа, затоа што сите работиме сложно во подобрување на статиите. Сум имал на англиската википедија, во главно со бугарски, грчки и албански корисници, признавам сум доживеал стрес, но сепак сум успеал да го совладам, иако знаеме која е политиката која ти е ја водат против нас. За иднина ќе видиме.
Општи коментари
уреди- Врски за 1111tomica: 1111tomica (разговор • придонеси • бројач • дневници)
Ве молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиЈа поддржувам Вашата кандидатура, но пред да гласам сакам да ме убедите дека е потребно позитивно да гласам за вас, имам неколку прашања и во зависност од Вашиот одговор ќе го формирам својот став.
Велите дека најчесто планирате да помагате во бришењето на лошо или недоволно добро напишаните страници на википедија, а исто така да ги потполнувате и со наводи оние на кој им е потребно таквото нешто. Дали сте сигурни дека за овие работи ви се потребни администраторски права? Дали до сега сте побарале некоја страница за која сте сметале дека не е доволно добро напишана, да биде избришана и не била избришана од некој од администраторите? Верувам дека доколку сте побарале таквоо нешто, вашето барање ќе било разгледано. За да пополнувате страници со наводи не ви се потребни администраторски права.
Дали било кога до сега сте биле во ситуација да ви требаат администраторски моќи за да направите некоја работа на википедија, сте се обратиле за помош до некој од администраторите и никој не ви помогнал? Ако да, посочете каде и кога.
Дали до сега сте помогнале на некој помалку искусен уредувач да ги подобри своите вештини? Ако да, посочете каде и кога.
Дали некој уредувач до сега побарал помош од вас и како вие сте реагирале на тоа? Ако да, посочете каде и кога.
Дали до сега сте имале конфлитна ситуација со некој од администраторите на википедија (македонско издание или друго)? Ако да посочето кога и каде и објаснете ја ситуацијата зошто сте биле во конфликт и како сте излегле од таа ситуација.
Поздрав, --brest (разговор) 09:29, 15 септември 2010 (CEST)[одговори]
Здраво кориснику Брест. За првото можеби сте во право, меѓутоа со администраторски статус секој корисник може подобро да и помогне на македонската википедија која реално заостанува зад другите од регионот, а да не зборуваме за англиската. Да сум имал потреба од администраторски моќи, на пример тоа се случи сега, кога го замолив MacedonianBoy да објави јавно дека може да се гласа за статијата Виена (Видете:МедијаВики:Sitenotice) која што целосно ја реобработив, може да ја видите разликата. Не сум помогнал на некој неискусен уредувач, затоа што не сум пронашол таков на македонската википедија, односно не сум дошол во таква ситуација. Да еден уредувач кој главно е активен на англиската википедија Политис ме замоли да ја напишам македонската статија за македонскиот архитект Јанко Константинов. На македонската википедија сум немал никакви конфликти, ни со администратори, ни со други корисници. Додека на англиската сум има повеќе конфликти главно со бугарски уредувачи, поради нивниот про-бугарски карактер и бугаризација на македонските статии. Се надевам дека мојот одговор е задоволувачки. Поздрав Tомица1111 (разговор) 22:30, 15 септември 2010 (CEST)1111tomica[одговори]
- Имам едно прашање кон кандидатот за администратор. Кога преведе статијата "Виена" од англиски на македонски, што пропушти да направиш? --Стан (разговор) 14:10, 16 септември 2010 (CEST)[одговори]
- Одбијам да го одговорам прашањето затоа што е злонамерно поставено. Секој има право да ја уреди како сака ... Tомица1111 (разговор) 1111tomica
- Прашањето ми нема злонамерна цел. Целта е да разберам колку добро ти се познати некои од принципите на Википедија. Бидејќи не добив одговор на прашањето поврзано со сложените принципи на Википедија, ќе ти задам две клучни прашања. 1. Каков термин се користи за следните промени, каков е односот им на правилата на Википедија и што треба да направи еден администратор, кога види ваквите промени? ([1], [2], [3], [4], [5]) 2. "Секој има право да ја уреди како сака" - Дали сметаш дека изјавата е во согласност со принципите и правилата на Википедија? Поздрав!--Стан (разговор) 20:51, 16 септември 2010 (CEST)[одговори]
За
уреди- До сега еден од најмирните корисници и доста корисен за Википедија. Не гледам причина за друг вид на глас.--Никола Стоіаноски 00:20, 12 септември 2010 (CEST)[одговори]
- --FlavrSavr (разговор) 11:08, 12 септември 2010 (CEST)[одговори]
- Ја сменив мојата одлука и смеат дека 1111tomica треба да стане администратор.--Stefan Milosevski (разговор) 16:15, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]
Против
уреди- --brest (разговор) 09:18, 16 септември 2010 (CEST) Сметам дека корисникот до овој момент нема акумулирано доволно искуство за да добие администраторски статус. Работите за кои е заинтересиран и пројавува активност може да ги заврши како уредувач. Не ги познава доволно добро техничките можности на википедија. Би сакал да остане конзистентен во своите настојувања да и помогне на википедија, да ги подобри своите технички познавања како функционира википедија и во блиска иднина да стане администратор.[одговори]
- --Стан (разговор) 11:08, 18 септември 2010 (CEST) Мислам дека доволно чеках да добијам одговор на прашањата си:[одговори]
- Корисникот не познава добро правилата на Википедија и ги прекршува (веќе го предупредив за некои посериозни прекршоци). Во последните 2-3 недели наруши два од петте столба на Википедија.
- Корисникот не “претпостува добра намера” - уште по провото прашање, одби да одговори, бидејќи претпоставува дека прашањето било “злонамерно” (Ова е еден од 5-те фундаментални принципи (столбови) на Википедија)
- Корисникот извършува несоодветно агитирање, со кое извршува влијание врз гласање, како експлицитно вели на одреден број на членови како точно да гласаат и ги повикува да поканат други корисници со цел да се издејствува консензус.
- Очигледно корисникот нема намера да одговара на прашања (најверојатно поврзано со непознавање на принципите на Википедија)
- Неспазва друг од фундаментални прицнипи (столбови) на Википедија - НГТ (види агитирање).
- Мислам дека неговиот избор за администратор ќе биде на штета на Македонската Википедија, во најмала рака, бидејќи по евентуалниот избор, ќе започне постапка за расветлување на случајот за несоодветно агитирање, активностите на администраторите во врска со оваа агитирање и пуштање на "Request for comments” / “3rd opinion” / “Arbitration” до стюардите, со цел да се разбере дали при такви прекршоци, корисник може да биде избран за администратор. Таму, и администраторите, кои се вмешани со случајот, ќе мора да објаснат зошто наместо да предупредат корисникот гласале исто како што тој им наредува.
Воздржани
уреди- --Макс(разговор) 13:11, 12 септември 2010 (CEST) Навистина го почитувам како корисник, и би сакал да го видам како администратор. Но, сепак е релативно нов во споредба со други корисници. Се разбира дека тоа не е одлучен факт, но сметам дека му е потребно повеќе искуство. Мислам дека само избрзува со барање на администраторски статус.[одговори]
- -- dav(разговор) 23:56, 13 септември 2010 (CEST) Потполно се сложувам со Макс.[одговори]
- --Тиверополник (разговор) 09:44, 15 септември 2010 (CEST)[одговори]
- Горната дискусија за доделување на администраторски статус е зачувана како архива на дискусијата. Ве молиме не ја уредувајте. Дополнителните коментари би требало да се додаваат на соодветната страница за разговор (како страницата за разговор на оваа номинација или номинираниот корисник). Не треба да се прават никакви дополнителни уредувања на оваа страница.