Ванчо Николовски (роден на 15 ноември 1922 година во Неготино - починал на 17 март 2005 година во Скопје) — македонски првоборец, политичар и економист.[1]

Ванчо Николовски
Роден 15 ноември 1922
Неготино, Кралство СХС
Починал 17 март 2005(2005-03-17) (возр. 82)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање политичар

Животопис

уреди

Основно училиште завршил во родниот град Неготино, гимназија во Горни Милановац и Велес, а потоа студирал на Правниот факултет во Белград. Како учесник во НОАВМ (од 1 Ⅴ 1941) и член на КПЈ (од февруари 1943), бил уапсен и испратен во интернација во Бугарија (мај 1943 – јануари 1944). Повторно се вклучил во НОАВМ (од 29. Ⅶ 1944) како борец, секретар на МК на КПЈ во Неготино и политички комесар на Тиквешкото воено подрачје. По Ослободувањето завршил Виша политичка школа во Белград и Економски факултет во Скопје.

Во текот на својот работен век, ги извршувал следните функции:

  • секретар на Општински комитет и секретар на Околиски комитет на КПМ
  • директор на Партиската школа во Скопје
  • претседател на општинско собрание
  • потпретседател на околиско собрание
  • пратеник во Републичкиот совет на Народното собрание на НРМ
  • член на Републичкиот совет
  • потпретседател на РО на ССМ
  • главен уредник на в. „Трудбеник“
  • член на Главниот одбор на ССРНМ
  • секретар за индустрија и трговија на Извршниот совет на Собранието на СРМ
  • претседател на Одборот за општествен план и финансии на Републичкиот совет на Собранието на СРМ
  • Директор на Сојузната дирекција за материјални резерви
  • пратеник во Собранието на СФРЈ
  • потпретседател на Сојузниот собор.

По пензионирањето (1987) пројавил жива активност со реагирања на тековните збиднувања во македонските весници и списанија. Автор бил на неколку книги.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Николовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1052. Text "series " ignored (help)