Отвори го главното мени

Луол Денг (16 април 1985) — суданско-британски професионален кошаркар, крило на Лос Анџелес Лејкерс во НБА и на кошаркарската репрезентација на Велика Британија.[2]

Луол Денг
Денг со Чикаго
Денг со Чикаго
ПозицијаКрило
Висина2,06 м
Тежина100 кг
ЛигаНБА
ЕкипаЛ.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс
Број9
Роден16 април 1985 (1985-04-16) (34 г.)
Вау, Јужен Судан
НационалностЈужен Судан Јужен Судан[1]
Обединето Кралство Велика Британија
КолеџДјук (2003-2004)
Драфт2004 / Рунда: 1 / Пик: 7-ми overall
Избран од Финикс Финикс Санс
Проф. кариера2002–
Клубови
2004–2014Чикаго Чикаго Булс
2014Кливленд Кливленд Кавалирс
2014-2016Мајами Мајами Хит
2016-Л.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс
Репрезентација
Инфо од: 29.1.2018.

Тој е роден во денешен Јужен Судан, но во раното детство со своето семејство се преселил најпрво во Египет, а потоа во Велика Британија, каде добил пасош и станал британски државјанин во 2006.[3] Денг претходно го носел дресот на екипите на Чикаго Булс (2004–2014) и Мајами Хит (2014–2016) исто така во НБА.

Луол Денг два пати настапил на Ол-Стар натпреварот (2012–2013), бил избран во втората петорка на идеалната одбранбена постава во НБА (2012) и во првата петорка на дебитантите во НБА (2005). Со британската репрезентација настапил на Летните олимписки игри 2012, каде Велика Британија забележала биланс од 1–4.[4] Денг во летото 2016 потпишал четиригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 72 милиони долари.[5]

НБА статистикаУреди

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три поени  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата
Најмногу во лигата

Регуларен делУреди

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2004–2005   Чикаго 61 45 27.3 .434 .265 .741 5.3 2.2 .8 .4 11.7
2005–2006   Чикаго 78 56 33.4 .463 .269 .750 6.6 1.9 .9 .6 14.3
2006–2007   Чикаго 82 82 37.5 .517 .143 .777 7.1 2.5 1.2 .6 18.8
2007–2008   Чикаго 63 59 33.8 .479 .364 .770 6.3 2.5 .9 .5 17.0
2008–2009   Чикаго 49 46 34.0 .448 .400 .796 6.0 1.9 1.2 .5 14.1
2009–2010   Чикаго 70 69 37.9 .466 .386 .764 7.3 2.0 .9 .9 17.6
2010–2011   Чикаго 82 82 39.1 .460 .345 .750 5.8 2.8 1.0 .6 17.4
2011–2012   Чикаго 54 54 39.2 .412 .367 .770 6.5 2.9 1.0 .7 15.3
2012–2013   Чикаго 75 75 38.7 .426 .322 .816 6.3 3.0 1.1 .4 16.5
2013–2014   Чикаго 23 23 37.4 .452 .274 .815 6.9 3.7 1.0 .2 19.0
2013–2014   Кливленд 40 40 33.8 .417 .315 .771 5.1 2.5 1.0 .1 14.3
2014–2015   Мајами 72 72 33.6 .469 .355 .761 5.2 1.9 .9 .3 14.0
2015–2016   Мајами 74 73 32.4 .455 .344 .755 6.0 1.9 1.0 .4 12.3
2016–2017   ЛА Лејкерс 56 49 26.5 .387 .309 .730 5.3 1.3 .9 .4 7.6
Просек 879 825 34.7 .455 .332 .770 6.1 2.3 1.0 .5 15.0
Ол-Стар 2 0 11.5 .333 .200 1.000 1.0 1.0 .0 .0 5.0

РазигрувањеУреди

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2006   Чикаго 6 0 30.0 .429 .200 .571 4.8 .5 .8 .7 10.2
2007   Чикаго 10 10 41.0 .524 .000 .807 8.7 2.4 1.0 .7 22.2
2010   Чикаго 5 5 40.6 .463 .083 .731 5.0 1.4 1.2 .8 18.8
2011   Чикаго 16 16 42.9 .426 .324 .839 6.6 2.7 1.5 .6 16.9
2012   Чикаго 6 6 38.0 .456 .364 .571 8.3 1.5 .8 1.5 14.0
2013   Чикаго 5 5 44.8 .381 .056 .400 7.6 3.8 1.0 .6 13.8
2016   Мајами 14 14 35.4 .471 .421 .842 5.9 1.6 .9 .6 13.3
Просек 62 56 39.1 .455 .311 .765 7.0 6.7 1.1 .7 15.9

НаводиУреди

  1. Cohen, Ben (29 January 2017). „Trump refugee ban: Sudanese-born NBA stars could be affected by US travel restrictions“. TheAustralian.com.au. конс. 4 July 2017. Maker and Los Angeles Lakers forward Luol Deng were born in what is now South Sudan. They both hold dual nationalities — Maker is Australian and Deng is British 
  2. Deng agrees £40m Chicago contract“, BBC, 30 јули 2008 (посет. 30 јули 2008 г).
  3. Dugdale, Rob. „NBA star Deng ready for GB debut“, „BBC News“, 18 октомври 2006 (посет. 11 мај 2010 г).
  4. Staff report. „Chicago Bulls forward Luol Deng says he'll be ready by training camp“. Sporting News. конс. 30 November 2014. 
  5. „Lakers Sign Clarkson, Deng, and Zubac“. NBA.com. July 7, 2016. Архивирано од изворникот на 8 July 2016. 

Надворешни врскиУреди