Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Боштани

црква во Боштани, Берско

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως Θεοτόκου) — црква во селото Боштани, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως Θεοτόκου
Карта
40°21′8.85″N 22°12′34.36″E / 40.3524583° СГШ; 22.2095444° ИГД / 40.3524583; 22.2095444
МестоБоштани, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXVII век
Управа
Архијерејско намесништвоКутлешко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Храмот претставува трикорабна базилика од XIX век со порани фази од XVII – XVIII век. Трите кораби се поделени со низи дрвени округли столбови. На севернаиот ѕид на наосот и североисточниот на жртвеникот се зачувани фрески од три периоди — од втората половина на XVII, од средината на XVIII и од крајот на ΧΙΧ век. Во храмот се собрани разни антички артефакти — фрагменти од парапети и капители. Антички архитектонски елементи се вградени и во ѕидаријата — во југоисточниот агол има фрагмент од столб, а во апсидата е вграден еден јонски капител од IV век.

Црквата е прогласена за историски споменик на 8 август 2001 г.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΓΔΑ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/ΚΗΡ/34767/1116/19-7-2001 - ΦΕΚ 1051/Β/8-8-2001“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 13 октомври 2014.