Отоманска Босна и Херцеговина
Историјата на Босна и Херцеговина во рамките на Османлиското Царство го опфаќа периодот од 1463 до 1878 година.
Дел од темата Босна и Херцеговина |
Античка историја |
---|
Рана историја |
Портал:Босна и Херцеговина |
Пропаѓање на Босанското Кралство
уредиПо освојувањето на Србија, Османлиите продолжиле кон Босна. Првите напади започнале во 1384 година. Во 1392, Османлиите го зазеле Скопје и го основале Скопскиот санџак, главниот град на српската империја помеѓу 1346-1371. Новоосвоените територии во Босна биле управувани од страна на Скопскиот санџак.
По смртта на кралот Твртко I во 1391 Босанското Кралство започнало да се распаѓа. Во 1410-тите, локалните благородници Хрвоје Вукчиќ, Сандал Храниќ и Павле Раденовиќ контролирале големи делови од територијата на Твртко. Во 1413 Хрвоје Вукчиќ и Сандал Храниќ влегле во конфликт. Хрвоје Вукчиќ стапил во сојуз со Османлиите. Османлиите издвојувале голема победа во август 1415 година во близина на Добој. По оваа победа Сандал Храниќ кој го контролирал источниот дел од Херцеговина, станал османлиски вазал.
Босанскиот крал Твртко II морал да плаќа годишен данок од 1437 година. Бидејќи касата била празна, босанскиот крал морал да отстапи неколку тврдини на источниот дел од земјата. Во тој период започнала исламизацијата на Босна. Во 1443 на босанскиот престол застанал Стефан Томаш кој ги сопрел даноците кон Османлиите бидејќи се надевал на папската помош и Матеј Корвин, кралот на Унгарија. Но во 1463 година султанот Мехмед II извршил инвазија во Босна со 150,000 војници. Кога султанот пристигнал во Босна, кралот побегнал во Јајце каде бил погубен.
Градот Бобовац паднал на 19 мај 1463 година а по ова паднале Јајце и Клуч. Според некои податоци, околу 100.000 христијани биле одведени кон источните земји, а околу 30,000 станале јаничари. Херцеговина под османлиска власт паднала во 1482 година.
Воспоставување османлиска власт
уредиПо освојувањето на Босна бил формиран посебен санџак во составот на Румелија. Седиштето најпрвин се наоѓало во Бања Лука а подоцна во Сараево. На чело на санџакот стоеле исламизирани Босанци чии презимиња потсетуваат на нивното христијанско потекло. Прв меѓу нив бил Исабег Хранушиќ од Сараево. Оваа територија служела за понатамошните походи на Османлиите кон Хрватска, Унгарија и Австрија. Во времето на Сулејман I бил заземен Белград (1521), по кое следувала Мохачката битка во 1526 година и крајот на Кралство Унгарија. Процесот на создавање на османлиската власт во Босна траел до крајот на 16 век кога конечно завршиле освојувањата.
Процесот на повлекување на османлиските сили од овие простори започнал по поразот кај Сисак во 1593 година и потпишувањето на Карловачкиот договор.
Исламизација
уредиБројот на христијанското население во Босна и Херцеговина значително се намалил. Дел од населението побегнало кон Унгарија и Австрија, а дел го прифатила исламот. Во 1524 година се случил еден од најголемите прогони на христијанското население. Според податоците, околу 150,000 христијани го прифатиле исламот. Во 1528 година биле освоени Јајце и Бања Лука, а самата христијанска територија се намалила на 37,000 квадратни метри.
Голем дел од христијанските светилишта биле разрушени или претворени во џамии. Иако христијанството не било забрането, сепак на населението му било наложено големи даноци како луѓе од втор ред во земјата. Според податоци од 1530 година, давачките за христијаните од Сараево биле шест пати поголеми од муслиманските. Во текот на 16 век дошло до јасна диференцијација на муслиманите, католиците и православните христијани. Денеска овие три групи на верници го сочинуваат босанското, хрватското и српското население.