Борис Чушкаров
Борис Чушкаров (Боро Чушкар) (28 јануари 1916 во Куманово — 19 септември 1982 во Скопје) — првоборец и генерал.[1][2]

Животопис уреди
Во 1940 година станува член на КПЈ. Заради своето антифашистичко-ослободително дејствување во 1938 и 1940 година, заедно со Душан Недељковиќ, Блажо Орландиќ и Антон Колендиќ, е интерниран во логор во Билеќа. Во организирањето на нардоно-ослободителната борба се вклучил во 1941 година. Дејствувал на низа раководни позиции во единиците на НОВ: политички комесар на баталјон и на Третата МНОУБ, на 42 македонска дивизија и на Петнаесеттиот македонски корпус што учествувал на Сремскиот фронт.
Тој е еден од македонските борци кои не дозволиле сите македонски жртви и борба за ослободување да ја преземе бугарската војска, која сакала да парадира како ослободителска војска низ Скопје.[3]
„ | Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!? | “ |
— Обраќање на Боро Чушкар кон бугарски генерал |
Учесник на Првото заседание на АСНОМ. По ослободувањето вршел високи функции во УДБ на СРМ.
Автор е на повеќе публицистички и историографски дела и остави обемни мемоари. Исто така ги напишал сценаријата за „Прилеп, вчера и денес...“[4] и „Препородени полиња“[5]. Носител е на Партизанска споменица од 1941.[6]
Наводи уреди
- ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 357. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 506. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Како не успеала бугарската парада за „ослободувањето" на Скопје“. Pressing TV. 2018-11-13.
- ↑ „Прилеп, вчера и денес...“. www.maccinema.com.
- ↑ „Препородени полиња“. www.maccinema.com.
- ↑ „ЧУШКАР, Боро“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-11.
Надворешни врски уреди
- Непоколебливоста во борбата за слобода на Кумановската револуционерна организација (извадок од „Борбено Куманово 1919-1941“)
- „Кушкули... село - 5 јуни 1944“
- Прославувањето на 1 мај во бригадата
- Сведоштво на Боро Чушкар за “бугарското“ парадирање во Скопје
Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |