Боро Тодоровиќ ( 1913 во Петровец, Пожаревац, Србија29 август 1941 во Бањица (логор), Белград, Србија) — српски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1]

Боро Тодоровиќ
Роден 1913 година
Петровац, близу Пожаревац, Кралство Србија
Починал 29 август, 1941 година
Бањица (логор), Белград, Србија

Животопис

уреди

Татко му бил околиски началник, а мајка му учителка. По завршеното основно училиште, се запишал во Учителската школа во Ужице. Кога во 1933 година во Учителската школа била провалена организацијата, него го исклучиле од училиштето како комунист, без право да го продолжи образованието во друго училиште. Тогаш дошол во Скопје и одлучно со сета енергија се оддал на револуционерната дејност. Уште во 1933 rодина станал член на Месниот комитет на Партијата. Пролетта 1934 година кога била откриена и затворена редакцијата на партискиот билтен „Искра“, влегол во новиот редакциски одбор. По неколку месеци редакцијата одново била откриена. По што бил затворен и осуден на две години робија и губење на граѓански права во тек на шест години од Судот за заштита на државата во Белград. По издржувањето на казната, се вратил во Скопје. Во 1937 година партиската организација ја организирала легалната Работничка партија, чиј главен носител на дејноста покрај адвокатот Васо Стефановски и Бошко Шиљеговиќ, бил и тој.

Работничката партија го издавала легалниот весник „Наша реч“, чие издавање му било доверено нему. Во исто време партиската организација го задолжила да го организира собирањето на народна помош. Затоа во овој период полицијата почесто го затворала, претпоставувајќи дека со таква мерка успешните акции ќе спласнат. Од почетокот на 1939 до првата половина на 1940 година бил на отслужување на воениот рок. Неколку дена пред отпочнување на војната сам се јавил во својата единица, за да се бори против агресијата на татковината. Разочаран од предавството во редовите на бившата југословенска војска, со тешко срце се вратил во Скопје и се јавил на својата партиска организација. Бугарскиот окупатор знаел за неговата плодна револуционерна дејност. Затоа вложил огромни напори да го затвори. На 7 август, по полноќ го затвориле. Бугарската фашистичка полиција го предала на Гестапо во Белград, доставувајќи ги и податоците за неговата дејност.

На 29 август 1941 година големиот и бескомпромисен револуционер, бил стрелан во логорот на Бањица, во Белград заедно со Алија Авдовиќ. При проштевањето со другарите заедно со Боро Тодоровиќ ја испеле Интернационалата и со дигнати глави заминале на стрелање.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 144–145. На |first= му недостасува |last= (help)